
„Драги навивачи на Мадрид,
Дојде време. Моментот што никогаш не сакав да го дојдe, но тоа е фудбалот, а во животот сè има почеток и крај... Во сабота ќе го одиграм мојот последен натпревар на Сантијаго Бернабеу.
Пристигнав во 2012 година со желба да го носам дресот на најдобриот тим во светот и со амбиција да правам големи работи, но не можев да замислам што следи.
Играњето во Реал Мадрид ми го промени животот како фудбалер и како личност.
Се чувствувам горд што бев дел од една од најуспешните ери на најдобриот клуб во историјата.
Сакам да му се заблагодарам на клубот од дното на моето срце, особено на претседателот Флорентино Перез, моите соиграчи, тренери и сите луѓе што ми помогнаа во текот на сето ова време.
Низ овие години доживеав неверојатни моменти, пресврти што изгледаа невозможни, финалиња, прослави и магични ноќи на Бернабеу... Победивме сè и бев многу среќен. Многу, многу среќен.
Но, покрај титулите и победите, во моето срце ја носам наклонетоста на сите навивачи на Мадрид. Навистина не знам како да ја објаснам посебната врска што ја имам со вас и колку многу поддршка, почитување и љубов почувствував и чувствувам. Никогаш нема да ги заборавам секој овација и сите гестови на наклонетост што ми ги покажавте.
Заминувам со полно срце. Исполнет со гордост, благодарност и незаборавни спомени. И иако, по Светското клупско првенство, повеќе нема да го носам овој дрес на теренот, секогаш ќе бидам навивач на Мадрид.
Hala Madrid y nada Más!“.