Деби гол на Модриќ за Милан, вреден 3 бода

Само пет дена откако славеше роденден, Лука Модриќ си го направи ќеифот и го постигна првиот гол за Милан за победа над Болоња од 1:0. Стана најстар стрелец меѓу играчите од среден ред во историјата на Серија А и петти играч со минимум 40 години.

15 септември 2025 - 07:52