Како новиот селектор ја препороди Хрватска со четири потези

Златко Далиќ беше назначен за нов предводник на Коцкестите на 7 октомври, а претходно беше тренер во Обединети Арапски Емирати. Кога го прашаа после мечот со Грција што направил, тој одговори: Само ги ставив вистинските играчи на вистински позиции.

Хрватите пред полниот Максимир ја совладаа Грција со високи 4:1 во најважниот меч во годината, а новиот селектор Златко Далиќ со неколку потези ја среди репрезентацијата, која со клучните играчи во нови улоги стигна на еден чекор до Мундијалот во Русија.
 
Модриќ повторно одигра полушпиц и помалку се трошеше во одбрана. Брожовиќ се пресели во улогата на последен играч за врска, а десната крилна позиција ја презеде Крамариќ. Ракитиќ заедно со Брожовиќ ги собраа сите одбиени топки, а крилата со влезови по средина спрема Калиниќ ја срушија грчата формација.
 
Четирите потези на Далиќ и недораснатите Грци, беа клучот за големата победа.
 
УЛОГАТА НА РАКИТИЌ
Анте Чачиќ упорно го притискаше на 10-ка, каде поради неговата тромавост нема ни место ни време, а кај Златко Далиќ беше повлечен длабоко во поле каде можеше да го контролира ритамот на мечот. Грција играше пасивна одбрана и Ракитиќ доби можност да го прави тоа во што е најдобар, со дијагонали да го преместува тежиштето на играта. Се повлекуваше до последната линија за да иницира напад, а Врсаљко без страв можеше да оди напред и да чека топка од Ракитиќ од пола терен. Влезот од втор план тешко се брани, Грците лошо ги преземаа играчите и создавањето на вишок играч беше најочигледна и најчеста идеја на хрватскиот национален тим. Конечно во играта на Хрватска видовме премин од линија во линија и динамика во напад. Далиќ ја промени позицијата и на Брожовиќ, кој во тандем со Ракитиќ ги удрија телемите за победа. Селекторот упати посебна благодарност до нив.

ДУОТО КРАМАРИЌ - ПЕРИШИЌ
Постигнаа голови бидејќи играат на вистинските меса, а нивните продори е прашање на индивидуеален квалитет и супериорност над ривалот. Воодушевија во играта и без топка. Со вовлекувањето во средина, правеа простор за бековите на кои им се нудеа со пасови, дури и кога Модриќ беше добро покриен. Триото од среднот ред на Грција, која играше со шестмина во одбрана, не можеше да покрива многу простор, а Крамариќ и Перишиќ тоа одлично го користеа и со додавања ја разбиваа грчката формација. Нивните влезови во средина на терен повеќе ги правеа во прекини и завршници. Токму тоа од нив го побара Далиќ.

ПРЕСИНГ
Грција не знае да игра против пресинг. Нема уиграни движења, нема технички потковани играчи и нема никаква идеја како да реагираат на пресинг. Хрватска беше компактна и брзо ја враќаше топката во свој посед. Крамариќ, Калиниќ, Модриќ и Перишиќ им досаѓаа на грчките играчи од среден ред и им ги одземаа топките со пресинг. Им ги затвораа повратните топки и така Грците останаа без последното решение - долги топки. Два гола на Хрватите беа последница од одлично извршениот притисок.

НИКОЛА КАЛИНИЌ
За Хрватска не е клучен одговор на прашањето кој е подобар играч, Калиниќ или Манџикиќ. Во моментов е клучно тоа што Калиниќ е многу покомпатибилен и неопходен за овој тим. Со него играта повеќе “дише“. Се повлекува за да помогне во подготовката на нападот, во полуконтра отвора простор за крилата да влезат во средина, знае како да ја препознае ситуацијата и да создаде простор со сува работа. Има подобар допир од Манџукиќ и многу е полесно Крамариќ и Модриќ со него да одиграат дупли пас, комбинација која ја обожаваат. Далиќ им наредил на Перишиќ и Крамариќ од крилни позиции да влегуваат во средина спрема Калиниќ. Така беше разбиена Грција.

ГРЦИТЕ СЕ НЕДОРАСНАТИ
Хрватска одигра сјаен натпревар, но мора да се напомене дека имаше недораснат противник. Грција е напаѓачки саката, екипа без идеи и опции во играта, без никакви подготвени акции или логични завршници. Нивната формација многу лесно се руши, имаат преголема дупка помеѓу линиите, а бековите ги губат дуелите дури и кога на време го затвораат противникот во налет. Освен Сократис и Манолас, а до некаде и Фортунис, Грците немаат играч кој може да направи разлика. Фамата за “ментално“ здравата Грција која може на секој да му ги расипе сметките е минато. Се работи за тим кој на последните два циклуси губеше бодови од Фарски Острови (два порази), Финска (пораз и реми), Северна Ирска (два порази), Романија (пораз и реми) и Естонија (реми). Хрватска ја демолираше Грција и ја прати таму каде што припаѓа - во третата класа на европскиот фудбал.
 
10 ноември 2017 - 11:24