Во опширен разговор за хрватскиот „24 часа“, стоперот Вида открива дека на Европското 2016 го заменил својот дрес со легендарниот Иниеста на мечот со Шпанија во Бордо.
Домагој вели дека никогаш немал навика да нарачува дрес, на пример да му каже на Лука Модриќ да му донесе дрес од Кристијано Роналдо како што прават некои фудбалери.
„Од Роналдо немам дрес. Немам ниту еден од Французите од финалето на Светско. Не сакав да се менувам, тоа е дрес со кој играв финале и не го давам никому“, додава Вида.
Но во својата колекција може да се пофали дека има дрес од еден од најголемите на сите времиња.
„Меси преку Ракета ни прати 30 дреса со негов потпис. За целата наша репрезентација. Му се допаднало колку сме срчани, како се бориме. Сметал дека сме играле најдобар фудбал на Светското. Ете, сега имам и дрес од Меси“, заклучува Вида кој во интервјуто открива и за својата живинарска фарма која што ја отворил неодамна во татковината каде планира да се врати на крајот од кариерата.