ФИФА отвори дисциплинска постапка после која само го опомена стоперот Домагој Вида кој го снима видеото на кое заедно со Вукојевиќ викаат „Слава на Украина“.
Хрватскиот фудбалски сојуз најпрво застана во одбрана на својот фудбалер кој постигна гол во четвртфиналето против Русија, но федерацијата преку својот сајт соопшти дека помошникот тренер Огнен Вукојевиќ по одлука на Сојузот е разрешен од функцијата:
„Хрватскиот фудбалски сојуз реши да го разреши Вукојевиќ од функцијата во штабот на хрватската репрезентација каде ја обавуваше одлуката опсерватор и одземена му е акредитацијата за Светско првенство.
Хрватскиот фудбалски сојуз со ова и се извинува на руската јавност за постапката на членот на стручниот штаб.
Оваа прилика ја користат и Огнен Вукојевиќ и Домагој Вида да се извинат за изјаците кои во својата намера немаа политички конотоации, но оставија простор за такви интерпетации“, стои во соопштениието на ХНС.
Повикот „Слава Украјини“ го користат украинските војници и националисти, па оттука ФИФА покренала истрага и на крајот само ги опоменала двајцата учесници. По Никола Калиниќ, центарфорот на Милан, кој беше избркан од селекторот на Хрватска поради кршење на правилникот и недисциплина, Вукојевиќ е втор член на „коцкестите“ кој порано ќе си оди дома.