Која селекција ќе биде најлоша втора и ќе остане без бараж

Борбата за карта во плејофот на Светско првенство влегува во финална фаза - останува уште едно коло за конкурентите да избегнат да бидат најлоша второпласирана репрезентација и со тоа да останат со кратки ракави.

Во УЕФА зоната има девет групи и само осум места за плејофот така што онаа репрезентација која што ќе има најмалку бодови како второпласирана (ако две имаат исто бодови, тогаш се гледа гол-разликата и постигнатите голови), ќе остане со куси ракави.

Напомена: бодовите освоени против шестопласираната, последна селекција во групата не се сметаат.

Грција на пример е втора во моментов, но во последното коло игра против отпишаниот Гибралтар така што џабе ќе им биде и да билдаат гол-разлика. Тоа подразбира дека во трката за бараж тие влегуваат со 13 бода и +4 гол разлика.

Сигурни втори за сега се Португалија/Швајцарија, Италија и Шведска која да остане без бараж треба да изгуби со 7 гола разлика од Холандија што е невозможно.

Табелата на второпласираните пред последното коло изгледа вака:

Португалија: 18 бода (игра дома против Швајцарија)
Италија: 14 бода (+3 гол разлика) (на гости со Албанија)
Шведска: 13 (+10) (на гости против Холандија)
Данска: 13 (+7) (дома против Романија)
Северна Ирска: 13 (+5) (на гости против Норвешка)
Грција: 13 (+4) (комплетирани квалификации)
Велс: 11 (+2) (дома со Република Ирска)
Хрватска: 11 (+2) (на гости со Украина)
Шкотска: 11 (-1) (на гости со Словенија)

Напомена: последните селекции во Група А (Луксембург) и Група Б (Андора) може да не завршат последни.

Ако сите второпласирани репрезентации победат во последното коло, тогаш Грција останува без плејоф. Грците најголема надеж имаат во мечот од групата И во Киев меѓу Украина и Хрватска - ако завршат нерешено, тогаш најслабиот втор ќе има 12 бода, еден помалку од Грција.

Истото важи и за мечот Велс - Ирска каде евентуално реми би донело 12 бода за едната селекција и би ја пратила Грција понатаму.

Ако и Велс и Хрватска ремизираат на своите дуели, а Хрватите дадат гол повеќе тогаш ќе имаат идентичен учинок па најлошиот втор би се одлучил со Ферплеј. Во моментов Велс има -17 поени, Хрватска -13 (Велс добил четири жолти повеќе) така што Велшаните би останале без шанса за плејоф.

На Данска и Северна Ирска им фали по бод во последното коло за сигурно да обезбедат бараж. Северно-Ирците се во незгодна ситуација пред гостувањето во Норвешка поради гол-разликата.

Првите натпревари од баражот се играат од 9 до 11 ноември, а реваншите се закажани за од 12 до 14 ноември.