Таг: данска

Данско славје со традиционалното јадење палачинки

Една година по златниот медал на Светско, Данците го прославија и европското злато на нивен начин. Наместо со шампионски панорамски автобус, прваците прво беа пречекани на плоштадот во Копенхаген, а потоа следуваше трационалното јадење на палачинки, обичај во Данска кој има длабоки корени со децении и кој претставува знак на чест и признание за голем успех.

Данска со тотална доминација стигна до тронот на Европа

Ракометната селекција на Данска ја оствари мисијата и стигна до европската титула, прва после 14 години и вкупно трета во историјата. Со овој триумф успеаа да ги обединат сите три титули во три години.

Дефиниција за совршен удар од крило

Данска е неприкосновена светска сила во ракомет и најсериозен кандидат за златото. Не пренесоа бодови во втора фаза поради поразот од Португалија, ама ги совладаа Франција, Шпанија, а синоќа и Германија и работите си дојдоа на свое место. Веќе се полуфиналисти, уште пред скандинавското дерби со Норвешка.

Спектаклот меѓу Данска и Франција во 3 минути, Гидсел со ролинг го реши мечот

Уште на првиот меч од втората фаза, мераклиите за врвен ракомет имаа привилегија да ги видат на дело актуелниот светски против актуелниот европски првак. Победи светскиот, Данска со 32:29. Ви го препорачуваме цел хајлајтс. Ова е дечки друго ниво на ракомет. Атомски, без здив. Обрнете внимание како Гидсел ги отпиша на 1 минута до крај. На својот начин, со ролинг, како да е најлесната работа во свет. Потоа фрлете и око на групата. Хаос е.

Ја имаме одбраната на првенството и тоа со шпага против Гидсел

Данска и Франција одиграа мега битка која ја доби домаќинот со 32:29. Погледнете ја вртелешката на Гидсел и одговорот на Чарлс Болзингер. За сега, ова е најјаката одбрана на Европското. Многу јак клип.

Огромната фан зона во Хернинг

Данска е ракометна нација. Двократен олимписки и четирикратен светски првак и тоа во низа, кој ја брка третата европска титула. Последен пат славеа на Европско во Србија 2012. Имаат фан зона за пример.

Данска е неприкосновена ракометна сила, четврто мундијалско злато по ред

Селекцијата на Данска предводена од селекторот Николај Јакобсен, како и лидерот Матијас Гидсел, дефинитивно е друга димензија. На четири светски првенства во низа, никој не може да и го најде лекот.

Селекторот на Данска се скина од зборење на пресот во Лесковац

Србија и Данска одиграа 0:0 во последното коло од Лига на нации. На пресот на гостите после мечот се појави селекторот Брајан Ример. Толку е веста.

Германија е Германија, заверија четвртфинале

Далеку понеизвесен, поинтересен и поатрактивен беше вториот меч од осминафиналната фаза на ЕП. Домаќините славеа 2:0 со вкупно 17 удари од кои 10 во рамки на гол, за разлика од Италијанците кои првиот шут го имаа во 72-ра минута. По еден поништен гол со ВАР на двете страни, како и 25 минутен прекин поради невреме.

Данска воведува еколошки данок од 100 евра по крава

Владејачката данска коалиција се согласи на годишна давачка за сточарите за загадувањето со стакленички гасови што доаѓа од нивната стока, што ќе биде првиот карбон данок во земјоделството во светот.

Лудачки пресврт на Казахстан против Данска и еврогол за најавните шпици на ЕП 2024

Селекцијата на Данска се соочи со шокантен пораз на гостувањето во Астана и покрај тоа што имаше водство до 73 минута од 0:2. За 16 минути Казахстан успеа да постигне три гола за победа во квалификациската група Х. За издвојување е голот на капитенот Тагиберген за израмнување, кој го торпедираше Каспер Шмајхел.

Пречек во Копенхаген за данските херои

Ракометарите на Данска постигнаа хет-трик во освојување Светски титули (2019, 2021, 2023), подвиг кој не му успеал на никој во историјата. Ако некој треба да слави на плоштад, тоа се тие.

Како една ваква велесила како Данска капитулираше во Борис Трајковски?

Чуден е понекогаш спортот. Особено ако знае дека Данска стана првата репрезентација во историјата на ракометот која врза три мундијалски титули. А неодамна загуби од Македонија, на дебито на Кире како играч/селектор. Пет гола на Талески.

Палудан вети дека секој петок ќе пали Куран

Целосно непотребната човечка појава, Расмус Палудан, по меѓународниот хаос што го предизвика со палењето на Куран пред турската амбасада, сега објави дека истото планира да го прави секој петок сe додека Шведска не е примена во НАТО.

Вујо за Гидсел: Срам да ти е копиљ еден, кога Дувњак ќе ти подаде рака месец дена нема да ја миеш

Данска и Хрватска ремизираа 32:32 во првото коло од втората групна фаза на Мундијалот. Матијас Гидсел кој очигледно е терсене лик, им го навлече гневот на хрватските коментатори, а уште повеќе на Веселин Вујовиќ.

Нова данска политичка партија чиј шеф е вештачка интелигенција

Синтетичката партија во Данска е посветена на спроведување платформа која е подготвена од машина, а нивниот портпарол е четбот под име Водачот Ларс. Сè нешто мислиме дека ние со ваква партија би просперирале камо-каде подобро отколку со постоечкиве.

Мултикултурен разговор во мултикултурна Данска

„Ние имаме по 5 деца, вие имате по 1-2 деца. За 10-15 години во Данска ќе има повеќе Пакистанци од Данци,“ ќе му порача статистички освестениот пакистански мигрант во Данска, на еден дански домородец.

Екс-данска министерка ќе лежи затвор заради терање правдини

Ингер Стојберг е данската министерка која е прогласена за виновна за разделување на мигрантските брачни парови што пристигнувале во Данска. Клучниот детаљ е што тоа се брачни парови кај кои едниот партнер (речиси секогаш женскиот) е малолетно лице.

Видиш, не биле лопови, уметници биле

Дански уметник му зема 84.000 долари на еден локален музеј за да изработи уметничко дело за изложба, и за возврат им испорачува празни рамки, празна банкарска сметка и резил. Уметност.

Еден баш чуден автогол падна во Данска

Дуел меѓу екипите Јамербугт и Коге во втора лига на Данска. Домашните победија 4:3 а во тоа им помогна и Максимилијан Зауер со многу смешен автогол во стилот на расни напаѓачи.

Кралицата на Данска е дизајнер на нов филм на Нетфликс

Актуелната кралица на Данска, Маргрета Втора, на своето дизајнерско портфолио ќе додаде и адаптација на фантастичниот краток роман на Карен Бликсен, „Еренгард“.

Најчудна судиска реакција на сезоната се случи во Данска

Судија на меч од втората фудбалска лига на Данска меѓу Вендсисесел и Фредериција при еден напад гостите кои имаа шанса за гол, реши да не пушти предност после очигледен прекршок, досуди фаул, па во ист момент жив се изеде зошто не пуштил игра и направил грешка.

Достоинството на Лаудруп кога Данска играше место Југославија и освои ЕП

Една од најславните дански фудбалски фигури покрај Питер Шмајхел е и Михаел Лаудруп. Се појави една стара и не баш позната сторија за него поврзана со Европското 92-ра. Толку е ова некако како што се вели “со крстот на чело“, што дури и не знаеме дали да веруваме дека било вака.