Данокот ќе изнесува 16 евра по тон јаглерод диоксид произведен од стока, крави, свињи, овци итн. Договорот што го постигнуваат земјоделските здруженија, еколозите и данската влада треба да почне да важи од 2030.
Науката тврди дека на испуштањето гасови од стока (прдежи + ждригање) отпаѓаат 11% од глобалните штетни гасови, а две-третини од нив доаѓаат од крави.
Со договорот не се задоволни некои поголеми земјоделски здруженија, кои го критикуваат како комплетно луд, повикувајќи на поголеми инвестиции во технологија наместо на дополнителни даноци. Од друга страна на зелените не им е по мерак дека во законот имало премногу олеснувања за данокот воопшто да биде ефикасен.
Најмалку првите две години данокот ќе се наплаќа со 60% попуст, а пресметките се дека просечната данска крава произведува 6 тони ЦО2 годишно, за кои сточарот ќе треба да плати данок од 96,5 евра. Данокот предвидува раст на основицата по тон загадување.
Од Данскиот совет за земјоделство и храна се фалат дека успеале да добијат данок во кој сточарот кој „користи одобрени и економски издржани климатски решенија може целосно да го избегне данокот.“
Неодамна ЕУ размислуваше за сличен данок, но се предомисли по масовните протести на земјоделците.