How Does it Feel?

Аудио сторија на NPR за тоа како во њујоршкото студио на Колумбија рекордс е раѓана можеби најбитната песна на Боб Дилан, Like a Rolling Stone, онаа негова неповторлива анти-бајка со горчини во текстот и пекмез во органата.

1965- та. Тоа се години кога Дилaн има отворена линија со севишните сили кои му испорачуваат песни за хет-трикот албуми, Bringing It All Back Home, Highway 61 Revisited и Blonde on Blonde.

Песната ја започнуваат како валц. Не оди никако. Ја менуваат во 4/4. Веќе е далеку подобра но и натаму нешто ѝ фали. Ал Купер од гитара се префрлува на Хамондот и почнува да муља по органата.

Дилан оди да ја слушне таа верзија и на тонецот му вика:

- Засили ми ја органата.
- Ама тој дечко не ни свири органа.
- Не ме интересира, дај ја органата појако.

Така Ал Купер станува клавијатурист.

Tака е родена Like a Rolling Stone.

No directions home.

Чујте ја целата приказна:

 

7 ноември 2015 - 11:14