Немојте бе химни

Не ни тргна со тоа химните, и не ни тргна. Откако први на криво тргнаа Ѓоко и Кате (тоа останува недостижен идеал до ден-денес, ќе чуете), па по тој правец храбро продолжија Шенол и Венко, еве ги сега на иста кривина паѓаат и Корчагинци. Овојпат без објективна рецензија, само субјективна реакција: Ќути што сме Ѓорѓи.

Химната на Корчагин:

*********

Химна со универзитетски сјај

На текст на Венко Андоновски (кога бил 7-мо б?), музика на Ислам Шенол а во изведба на баритонот Горан Начевски, следува мртво-озбилната а живо-весела химна на Охридскиот Универзитет Свети Апостол Павле.

Па вика: Од дамнини, за многаја лета, Климентовото слово, На клупи наши слета.

*******

За пра-гревот на оваа тема, своевремено го пишавме ова:

Добредојдовте Французи!

Читам, Охридска банка ќе ја купуваат оние Французите, Сосиете Женерал. Е па, ако сега, со ова, не ѝ дигнеме цена, никад! Следува - задолжително! - одгледување на еден рекламен спот за банката. Ма, тоа не е реклама, тоа е психоделија, банкарски еп, лудило! Главни улоги, Ѓоко Танески и Кате Нели ти реков.

Музиката - мешавина од Златно славејче и војничка корачница, спотот - тинејџерки играат пред црква а стројни шалтерски работнички се кршат во струковите! Но нај - најголемиот адут е текстот на песната!!! Неверојатно!

Еве како оди тоа:

Охридска банка е таму
кај што сте вие,
има знаење што ја краси секогаш и секаде,
да ги почитува своите штедачи и депоненти,
умее со ефикасност да ги заврши сите работи.

Охридска банка, банка на доверба,
позната во странство и во Македонија!
Охридска банка секогаш сигурна,
зад нас стои искуство и традиција.

Охридска банка знае што е акционерство,
таа веќе воведе електронско банкарство,
таа знае како до профитабилност,
таа го следи трендот со професионалност!!!


хаааааааааааааааааааа!!!!

Мислите ова не може да се отпее??

Само гледајте!

******

Кога сме веќе кај химните:

Малку е селачки да не можеш да навикнеш на химна

 

19 март 2018 - 15:47