Во атомско финале со брз и енергичен ракомет, Данците ја совлада Германија со 34:27, и со тоа успеаа во само три години да станат олимписки, светски и европски прваци.
Германците одиграа мошне квалитетно финале и постојано притискаа да ја стигнат негативата со која се бореа во текот на целиот натпревар. На полувреме губеа 18:16.
Се играше ракомет со висок интезитет, а во завршните 10 минути имаше неизвесност, бидејќи Германците стигнаа до -2.
Сепак, кога мечот влезе во најкритичната фаза, пресудија искуството, ладнокрвноста и неверојатната брзина на Данска која го сомеле противникот до сигурни седум гола разлика.
Питлик со 8 голови беше најефикасен, а Хансен и Гидсел постигнаа по 7. Кај поразениот тим тројца ракометари постигнаа по 5 гола, Гола, Гргиќ и Кнор.
За МВП на турнирот е прогласен Гидсел, кој беше на ниво на цело Европско првенство.
Во мечот за трето место, Хрватска го совлада Исланд и со тоа го освои бронзениот медал.