Палудан е крајно-десен дански политичар чија партија има чиста анти-муслиманска политика надополнета со ветување дека ќе ја забрани целата миграција од не-Западни држави, a уништувањето на Куранот го прави под оправдание за практикување на правото на слобода на говор.
Изминативе години заканувањето и палењето на Куранот е редовен дел од политичкиот репертоар на Палудан.
„Ердоган е виновен за ова. Сега кога тој не сака да ја пушти Шведска во НАТО, јас ќе морам да го учам за слобода на говорот се додека нè ја пушти. Како што гледам, Ердоган е лажго. Тој вели дека тоа е нечија туѓа кривица, изгледа дека не знае како функционира каузалност,“ изјавил Палудан.
Данскиот политичар инаку има временска рамка до кога ќе трае палењето, па тоа објаснува дека во моментот кога Турција ќе го симне ветото за прием на Шведска во НАТО тој „никогаш повеќе до крај на живот нема да запали Куран пред турската амбасада.“
За денес Палудан наводно има агенда да запали три примерока на Куранот, ама во Копенхаген, и тоа по еден пред турската амбасада во Данска, еден во близина на џамија и еден во близина на руската амбасада. За разлика од Шведска, на Палудан во Данска не му треба дозвола за неговиот протест, ама треба да ја извести полицијата 24 часа претходно.