Може треба од холандска амбасада да пуштат пари и во Холандија невладини да поработат малку на разбирање, мулти-култи, соживот и што и да треба друго за да го стишат фетишот на Холандезите кон палење на светата книга на Исламот.
Вчера, на првиот ден од Курбан бајрам, Швеѓанец искина и запали Куран пред централната џамија во Стокхолм, во знак на некаков си нему оправдан протест. За разлика од претходните, овој протест имаше дозвола за одржување од шведската полиција.
Со помош на сериозен ангажман на високи израелски и шведски функционери викендов е спречен протест пред израелската амбасада во земјата на кој било планирано палење на светата книга на Евреите, Тората. Во истата Шведска пред некој ден беше запален Куранот и тоа беше брането по основа на слобода на говорот.
Целосно непотребната човечка појава, Расмус Палудан, по меѓународниот хаос што го предизвика со палењето на Куран пред турската амбасада, сега објави дека истото планира да го прави секој петок сe додека Шведска не е примена во НАТО.
Данскиот политичар кој изминативе недели испровоцира немири во Шведска, за момент успеа да запали Куран во градот Упсала, пред да почне многу да му се брза да си оди од таму.
Крајно десничарска група објавува дека планира да одржи палење на Куранот во Шведска. Настанот заврши со 9 повредени полицајци, 3 повредени и 40 уапсени муслимани и 0 запалени курани.