Од шведските власти била побарана дозвола за одржување на протест пред израелската амбасада во Стокхолм, каде имале намера ја палат Тората. Во моментот кога се разбрало за веста израелските дипломати веднаш се дале во мисија да го забранат протестот кој го етикетирале како „акт на омраза“.
„Имавме многу работа последниве денови обидувајќи се да го спречиме овој акт на омраза, и работиме со највисоките функционери во министерството за надворешни работи и локалната полиција. Ќе продолжиме да работиме за да спречиме ваков срамен инцидент,“ напишал на Твитер израелскиот амбасадор во Шведска, Зив Нево.
По ова протестот е откажан откако амбасадата и шведските власти успеале да ги убедат организаторите да го повлечат своето барање за дозвола.
Турски ТРТ потсетува дека одлуката за забрана на протестот е очигледна спротивност на ставот на шведските власти кога во земјата се палеше Куранот.
Тогаш Шведска се бранеше дека морала да го дозволи одржувањето на протестот пред турската амбасада во земјата по основа дека секој има право да протестира, а тие немале поим дека кога Расмус Палудан побарал дозвола за протестот тој планирал да го пали Куранот.