Двајцата што учествуваа во протестот се потрудија на најдолен можен начин да ги сквернават страниците на светата книга на исламот.
Сето ова се случуваше пред кордон полиција која стоеше меѓу овие двајца и некои си 200 минувачи и контра-демонстранти.
До сега шведската полиција имаше одбиено повеќе барања за дозвола за анти-куран демонстрации, меѓутоа тамошните судови ги поништија тие одлуки, тврдејќи дека недозволувањето на протестите е повреда на слободата на говор.
Кон крајот на јануари годинава, Турција ги прекина преговорите со Шведска за членство во НАТО откако еден дански крајно-десен политичар го запали Куранот во близина на турската амбасада во Шведска.