Соочен со нејзините длабочини кои можат да бидат опасни ако во нив влез тркало од „точок“ или пак нога (комада 1), главниот менаџер на македонските кризи опишува и геолоцира една отворена шахта, раскринкувајќи ги бирократските игри со надлежностите. Погледот на Стојанче кон крошните на дрвјата е бесценет а прилогот е толку темелен што фалеше само уште изјава да ѝ земе на шахтата.