Се разбира, секој има право со своите пари да прави што сака, иако такви цени на недвижнините се бизарни во однос на квалитот на животот кој го нуди Скопје. Ќе фукнеш некои 250.000 евра за 100 квадрати стан за да живееш во оваа крајно нешармантна котлина, со топ 10 загаден воздух во светот, со одвратна сообраќајна култура, урнисано образование, со никакви содржини, со никакви градски сервиси, со културна понуда од Десингерица и Розга, со ѓубре на секој чекор...
Да ѕирнеме малку што има надвор.
Рустична куќа во Франција, две спални, градина (со свињарник!) и овоштарник. Мирно рурално место, на само 10 минути од поголем и вибрантен град и на еден час до два аеродрома.
За 54 квадрати бараат 50.000 евра.
Студио во реновирана зграда од 17 век, во Карапеле Кависио, Италија, на саат време до Јадранско море. 45 квадрати = 45 илјади евра.
Апартман со 'поглед од милион долари' во Тенерифе, Шпанија и „скопска“ цена: за 70 квадрати газдите бараат 179.000 евра (ценкајте им се).
Езеро Турано, Италија, на 70 километри од Рим. Три спални, преубав поглед, тераса со сенка од лозница... 70 квадрати = 55.000 евра.
Ако веќе фантазираме, да фантазираме големо. Збирајте пари за ова, Тоскана, Италија:
************
Признаваме, сето она погоре се некои селендри. Да се вратиме ние во нашето, урбаното „Скопјенце“: