Ете ја неа, елегантна и енциклопедиски грациозна, се вози со њујоршко метро, со чанта прибрана на скут.
Го забележавте ли мамлазот до неа?
Царот раширил препони, го заболе него што до него е жена со четири Еми награди, Оскар, два Глобуса и една Бафта. А и да нема ништо од тоа, никој (никој!) не е должен да ги трпи краците на својот сопатник.
Во Америка тоа го сметаат за машка особина (го викаат "manspread") иако локалното искуство ни кажува дека е тоа родово универзална навика, на пример кога уморна домаќинка во јули ќе рашири нозе колку што и дозволува перлон сукњата и ќе се залепи за вас па излегувате мокри на едната нога од колк до колено.
Мирен за тоа зборуваше и кај Џими Фалон:
Ваквата бахатост која е базично непочитувањето на туѓиот простор во јавниот превоз е толку раширена што њујоршкото метро ја вброи меѓу основните бон-тон правила за однесување кои вклучуваат и:
* Тргни се настрана и дозволи прво да излезат луѓето
* Држи си ги работите прибрани
* Симни го ранецот од грб
* Излези заедно со своите отпадоци
* Биди тивок
* Види го насловот на оваа статија