Во меч од Лига на нации Хрватска и Англија одиграа без голови 0-0 во Ријека а стадионот беше затворен по суспензијата која УЕФА ја донесе поради нацистичката свастика на теренот во Сплит, тогаш пред натпревар од квалификациите за Европско 2016 против Италија.
Хрватите добија два меча пред празни трибини а синоќа го одработија вториот кој по избор на УЕФА во јануари годинава беше дербито со Англија.
Интересно Англија никогаш во својата историја не играла натпревар пред празни трибини па Британците ненавикнати да играат без публика се чуделе на заглушувачката тишина на стадионот во Ријека.
„Неколку луѓе видоа нов тип на игра. Фудбал без навивачи, без емоции, без бучава, се некако празно. Само во вториот дел на моменти се приближивме до тоа што обично очекуваме од еден ваков меч, тоа беа шансите на Решфорд и Кејн за гол.
Од трибините се слушаше практично се. На пример како Хендерсон му викна на хрватскиот селектор Златко Далиќ: „Ти што си, судија?“, го опишува мечот новинар на The Independent.
Неколку навивачи на „Гордиот албион“ допатувале до Ријека за да го следат мечот од околниот рид:
Или од најблиските згради до стадионот каде имаше и „локал патриоти“ кои го поздравија словенечкиот тренер Матјаж Кек кој пред неколку дена даде оставка од клубот Ријека на кој му ја донесе шампионската титула пред две сезони.
Англија и Хрватска имаат по еден бод после две кола во Лига на нации. И двете селекции загубија од првопласираната Шпанија.