Автентичноста на медалот е потврдена, пишува Индекс, а почетната цена изнесува 7.500 евра. Аукцијата за овој многу вреден предмет ќе се одржи на 7 и 8 декември.
„Светско првенство во Франција. Службениот медал за трето место кое го освои Хрватска. Бронзениот медал виси на оригинална врвка. Производител - Bertoni. Има само 30 вакви медали. Се работи за апсолутна рекотс во аукциската продажба“, стои во огласот.
Откако се појавила објавата за продажба на медалот, во Хрватска имало потрага за тоа кој од поранешните „ватрени“ би можел да ја даде на продажба.
Во меѓувреме легендарниот Чиро Блажевиќ изјавил дека тој не би ја дал за 7 ипол милијарди евра а не за 7.500.
„Без гајле, мојата е на сигурно. Кога се појави веста, многу пријатели ме зафркаваа и прашуваа дали јас ја продавам, а некои дури и бараа да ја видат за да се уверат дека не измислувам. Нема шанси, никогаш не би ја продал. Не знам што да се случи, медалот секогаш ќе биде до мене. Тој е дел од историјата, а таквите работи не се продаваат“, рекол Петар Крпан, член на таа златна генерација хрватски фудбалери.
Конечно се дознало кој ја објавил на продажба. Германската аукциска куќа Agon SportsWorld тој медал го понудил на платформата The Saleroom и рекле дека никој од хрватските играчи или стручен штаб не ја ставил на аукција.
Потврда стигнала од Арманд Клушен од оваа компанија. Тој рекол дека автентичноста на предметот ја потврдил најголемиот експерт за меморијабили од ФИФА, Волфганг Фир.
„Она што може да го потврдиме е дека ја продава лице кое е меѓу водечките светски колекционери во тоа подрачје, а ја купил пред 10 години од еден вработен во ФИФА“, рекол Клушен чија компанија годишно организира по четири такви аукции на кои се продаваат вредни предмети од најголемите фудбалски натпреварувања на УЕФА и ФИФА и од Олимписките игри.
„Медалот не е од колекцијата на оние 30 медали кои ги добил Хрватскиот фудбалски сојуз, туку од контингентот на 10 други медали. Таа 1998 произвеле вкупно 40 такви медали, односно 10 повеќе и ФИФА тие по правило ги доделува на претставници на сојузите или на некои свои чиновници“.
Хрватскиот сојуз летово по сензационалниот успех на Светското во Русија, добил вообичаени 30 медали, но нарачал дополнителни 20 за лични потреби па има вкупно 50 сребрени медали.