Покрај стандардниот Џорџо Маркети кој е препознатливо лице на речиси сите ждрепки на УЕФА, ждрепката за нашиот шешир ја влечеше Александар Хлеб, некогашниот фудбалер на Арсенал и Барселона.
Според правилата, четири победници од секоја група ќе играат на фајнал фор во полуфинале и финале. Победникот од овој Фајнал фор обезбедува директно учество на Европското 2020.
Лига Д
Група Д1: Грузија, Латвија, Казахстан, Андора.
Група Д2: Белорусија, Луксембург, Сан Марино, Молдавија.
Група Д3: Азербејџан, Фарски Острови, Малта, Косово.
Група Д4: Македонија, Ерменија, Лихтенштајн, Гибралтар.
По два натпревари од групата ќе се играат во септември (6-8, 9-11), октовмри (11-13, 14-16) и ноември (15-17, 18-20) годинава.
Еден од претставниците на нашиот фудбал во Лозана беа директорот на ФФМ Саша Ќириќ кој вели дека сме фаворити:
„Во основа сме задоволни од групата што ја добивме. За првпат ќе се сретнеме со Гибралтар. Лихтенштајн ни е добро познат противник од последните квалификации и го посакувавме од третиот шешир. Без потценување на претходните две селекции, но Ерменија ќе ни биде најтежок ривал. Ќе направиме добра анализа на противниците и тогаш ќе ја знаеме нивната сила. Со самото тоа што сме носители во групата Д, ја имаме фаворитската улога. Јас лично сум убеден, а се надевам дека и селекторот и другите дека ќе го оправдаме статусот и ќе обезбедиме учество во полуфинале на Лига Д“.
Јари Литманен, некогашната ѕвезда на Ајакс Амстердам ги влечеше групите од Лига Ц каде во една од групите се паднаа соседите Србија и Црна Гора што ќе биде интересен двомеч за гледање.
Лига Ц:
Група Ц1: Словенија, Норвешка, Бугарија, Кипар.
Група Ц2: Унгарија, Грција, Финска, Естонија.
Група Ц3: Шкотска, Албанија, Израел.
Група Ц4: Романија, Србија, Црна Гора, Литванија.
Владимир Шмицер, легендарниот играч на Ливерпул кој играше на три Европски првенства за својата Чешка беше човекот кој ги влечеше куглиците за Лига Б.
Лига Б:
Група Б1: Словачка, Украина, Чешка Република,.
Група Б2: Русија, Шведска, Турција.
Група Б3: Австрија, Босна и Херцеговина, Северна Ирска.
Група Б4: Република Ирска, Велс, Данска.
Деко, човекот кој го играше Европското 2004 кога со неговата Португалија стигна до финалето против Грција, беше задолжен да ги извлече паровите во Лига А каде се наоѓаа најдобро рангираните 20 селекции во Европа. Меѓу нив беа и актуелниот европски првак Португалија и актуелниот светски шампион Германија.
Лига А
Група А1: Германија, Франција, Холандија.
Група А2: Белгија, Швајцарија, Исланд .
Група А3: Португалија, Италија, Полска.
Група А4: Шпанија, Англија, Хрватска.