Таг: лихтенштајн

Летонија си го збрца веројатно најбрзиот автогол во историјата на фудбалот

Купишта репрезентативни битки се водеа синоќа, а меѓу нив најмногу имаше пријателски средби. Летонија и Лихтенштајн одиграа 1:1, меч кој ќе биде запаметен по еден од најбрзите или можеби најбрз автогол во историјата. Лихтенштајн не ни учествуваше во акцијата. Летонците им ја завршија работата уште во 14-та секунда од натпреварот.

Фудбалер на Лихтенштајн му влезе на Горецка како прв пат да игра фудбал

Германија - Лихтенштајн 9:0, очекуван резултат, ама неочекуван неартикулиран потег на еден од гостинските фудбалери кој мислиш во УФЦ борба влегува, а не на квалификациски меч за Светско. Добро што не го уби.

И Португалија У-21 како Македонија, 11 гола со Лихтенштајн

Младинската репрезентација на Португалија со 11-0 го совлада Лихтенштајн во квалификации за Европско првенство У-21. Португалците на полувреме водеа 9-0, во втор дел дадоа уште два а речиси цел меч пробуваа гол со ножички. Му успеа на 20-годишниот Гонсало Рамос од Бенфика кој постигна четири гола.

11-те гола на Македонија против Лихтенштајн

Мислевме дека Јутјуб не држи снимка од рекордот на Македонија, стар 25 години, ама изненади. Тони Мицевски ги излета тројца како деца, плус голманот, Митко Стојковски ја опали опасно со левица, а Дејви Главевски дебитираше со хет-трик за репрезентација.

Што е сега, малце ви беше 5:0?

Ама сега и вие сте ненаситни. Петарда пукате, секој втор напад гол ви беше во второ, па уште се загревате за трето полувреме. Ајде дома да одморите за Германија, завршена е оваа.

Гол шоу на Градски, Македонија го потопи Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација ги освои планираните 3 бода против аутсајдерот во групата кој немаше што да бара на гостувањето во Скопје. Добра партија на Трајковски кој за три минути даде два гола. Паненка на Нестор.

Кога Барди, Пандев и Трајковски им ја сокрија топката на Лихтенштајн

Вечерашниот противник во второто квалификациско коло за Мундијалот во Катар ни е редовен пациент, а последен пат игравме против нив во групната фаза од Лига нации. На Градски славевме 4:1, а најубавиот момент на мечот беше оваа акцииште преку кое го отворивме резултатот.

Македонија го освои Вадуц, на ред е Гибралтар

Со евроголот на Енис Барди и погодокот на Нестогол, Македонија ги освои планираните 3 бода на гостувањето против Лихтенштајн кој не угњави 90 минути со тоа досадниот бункер.

Македонија ги дозна противниците во Лига на Нации, Михтарјан во Скопје

Белорусинот Александар Хлеб ни донесе прилично лесна група, што со новиот систем на УЕФА која ги подели селекциите според рангирањето, беше за очекување. Едноставно МОРА да одиме на фајнал фор.

Успешно завршени квалификации, Македонија - Лихтенштајн 4-0

Македонскиот репрезентативен фудбал конечно носи надеж за подобро утре. Одличните партии во групата се крунисани со убедлив триумф против аутсајдерот Лихтенштајн.

Несторовски и Николов за прва победа на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација по цели шест години оствари победа на гостински терен. Вечерва во Вадуз, „црвено-жолтите“ го добија Лихтенштајн 0:3 (0:1) и ги освоија првите три бода во групата Г.

11-те гола против Лихтенштајн, сега Македонија не може да ги даде во еден циклус

Благодарение на рекордот против аутсајдерите кој го оствари на денешен ден пред 19 години, Македонската фудбалска репрезентација даде вкупно 22 гола на квалификациите за СП 1998. Но до сега ниту на еден друг мундијалски квалификациски циклус нема постигнато повеќе од 11 гола.

Квалификациите за ЕП 2016 на пола пат

Пет селекторски смени, бод на Сан Марино, победа на Фарски Острови, прекинати натпревари и навивачки нереди го одбележија првиот дел од квалификациите за пласман на ЕП 2016 во Франција.