Македонија ја продолжува речиси беспрекорната низа против Лихтенштајн кој во 96-та година го совлада со рекордни 1:11 и вечерва на Градски ја оствари победата број 9 на 10 соочувања. Има и едно гостинско реми.
Ова беше класичен викторија натпревар на кој 181-та фудбалска земја во светот само се бранеше, а момците на Игор Ангеловски постојано напаѓаа. Тоа резултираше со петарда.
Отпорот го скршија многу брзо уште во 7 минута од прекин кој Енис Барди го искористи на најдобар можен начин. Гостинскиот голман беше неспремен на овој изненадувачки слободен удар на мајсторот.
Само неколку минути подоцна Барди повторно биеше од слободен удар, но ја погоди пречката.
Македонија кружеше со топката и се трудеше и од игра да го пробие бедемот пред голот на гостите, но не им одеше во првиот дел, а најзрелата шанса ја имаше Пандев кој биеше недоволно силно со десна.
Во вториот дел беше друга песна и за само три минути Александар Трајковски го затвори мечот со два погодоци.
Најпрвин во 51-ва минута
А потоа во 54-та.
Потоа нашите репрезентативци играа полесно, а по кусо време во 62-ра минута по една убаво изработена акција Елмас зголеми на 4:0.
Мрме ги искористи сите пет измени на мечот, а на местото на одличниот Трајковски во игра го стави Несторовски кој со паненка од пенал го дотолни противникот.
Во трето коло веќе во среда се соочуваме против Германија на гости.