Летонија си го збрца веројатно најбрзиот автогол во историјата на фудбалот
Купишта репрезентативни битки се водеа синоќа, а меѓу нив најмногу имаше пријателски средби. Летонија и Лихтенштајн одиграа 1:1, меч кој ќе биде запаметен по еден од најбрзите или можеби најбрз автогол во историјата. Лихтенштајн не ни учествуваше во акцијата. Летонците им ја завршија работата уште во 14-та секунда од натпреварот.