Под наслов „Јазикот ги чува границите", на овој леток е наведен список на погрешни и точни варијанти на зборови кои се користат во секојдневниот живот. Еве некои од анатемисаните и нивните благословени еквиваленти:
не е геј туку е педер
не е хот лајн туку директна линија
не е хепиенд туку среќен крај
не е даун туку е нерасположен
не е фешн туку мода
не е јузернејм туку корисничко име
не е џанки туку наркоман
не е парти туку журка
не е кулирање туку неделување
не е флаертуку леток, итн.
Е-новине пренесува остар коментар на Атеисти Србије, во кој се критикува не само наивниот обид да се канонизира јазик преку флаер, пардон леток, туку и наводното српско потекло на препорачаните зборови (како на пример чисто „српското“ наркоман или „журка“) или погрешното толкување на значењето на други (кулирање како неделување).
Можеби да дојдеше од некоја друга страна списоков и немаше да предизвика толку големи реакции. Работата е што раководството на споменатото претпријатие го чинат кадри на таканаречената „Трета Србија", десничарска политичка организација која се формирала со поделба на подеднакво екстремната „Двери". Нејзините членови на овој начин не манифестираат (само) наводна загриженост за јазикот, туку и ксенофобија и шовинизам, чија цел е изолација на Србија од остатокот светот, во граници во кои ќе се користи само верзијата на српскиот кој е по волја на авторите на овој памфлет, се вели во текстот.
Реакции на летокот во Србија имаше повеќе. На Фејсбук почнаа да се предлагаат посоодветни чисто српски верзии на англицизмите, како на пример место парти - посело. Но сепак најдалеку отиде сатиричниот портал Њузнет, кој ја предложи следнава посрбена номенклатура на порно категории на „Црвеното црево". Ако сте +18 ТУКА. Некои се баш инспиративни за македонски верзии.