Писма на читатели

Тргајте бавчите, Баронот доаѓа!

Ете со што се занимава наш човек. Решил да ни објаснува како оффнет е добар ама бавчите ни се шкарт. И да ги тргнеме некаде подалеку, небаре некому у гз му влагаат кога го отвора сајтот. Писмото прво отиде кај прозваните, па побаравме мислење од таа група нехаризматични ликови.

Здраво Трендо,

јас сум редовен посетител на твојот сајт. Содржините се одлични и презентирани на оригинален начин. Сепак, постои една "црна дупка" за која сакам да те информирам.

Станува збор за категоријата бавчи. Таму имаш колекција на нехаризматични ликови кои едноставно не знаат да пишуваат за публика, т.е. за читатели. Ако уживаат во пишувањето, нека водат дневник како што правеле во трето одделение, или нека имаат сопствен блог на одделен од off.net. Со тоа што ги ставаш заедно со се друго, едноставно го снижуваш просекот.

Најлоши се Јана и Дарко. Упознај ги меѓу себе, нека си ги пишуваат еден на друг нивните тоалет-текстови. Најдобар во групата анти-таленти е Бетмен, и тоа само затоа што го имитира твојот стил на старите колумни, што ме води кон мојот последен параграф.

Знам дека веќе си се изјаснил на оваа тема, но ако сакаш квалитетни текстови на off.net, напиши ги сам. Не барај замена во овие млади, некреативни (платени?) слуги. If you want something done right, you gotta do it yourself.

Поздрав,
Баронот

П.С. Веројатно веќе смислуваш некоја вицкаста реплика која би ја постирал како одговор на ова во Писма од читатели (или ако немаш идеји, едноставно нема да го постираш). Уместо да мислиш на тоа поле, размисли за поентата на писмово. Ова не е само мое мислење, туку и на повеќе мои пријатели кои доаѓаат на сајтот. Би можел, на пример, да ги ставиш бавчите негде "подалеку" од home page, затскриени, каде нема да мора секој да ги гледа, или да знае дека постојат.

****************************
Јана: Чувствувам потреба да му се извинам на Баронот, што така безобразно му се наметнувам на неговото слободно време. Кога само би била покреативна и похаризматична, па да му се исплати импулсот да ми ја прочита и новата колумна, и да си рече „е вака, може". Би можела поубаво да спијам. Откако го прочитав обраќањето, во кое јас и Дарко сме врвот на Гомората во Офф.нет, побарав од уредништвото да ме сокрие, стварно. Али они такви садо-мазо какви што се, не им е битен рејтингот и ме одбија. И сега сум се уште на насловна, меѓу другите нехаризматични ликови, дрско узурпирајќи простор, каде што, Баронот и неговите пријатели можеби би сакале да се вклопат? Бароне, доволно ќе беше да прашаш. Ќе те одбиеја, се разбира, ама ќе беше доволно. Башка, кој тоа при здрав разум се потпишува со „Баронот" и мисли дека тоа звучи авторитативно?

Дарко: Јас сакам само да му се извинам на Баронот. Нема да се повтори.

Бетмен: Видете, Црвениот Барон чини просветителска мисија и сака да информира (бесплатно?) за црните дупки по интернет беспаќата, кои проголтале нехаризматични антиталенти, нереализирани во водењето третооделенски дневници. И тоа е многу човечно од негова страна, да сака да се промовира како доброчинител покажувајќи стручна експертиза на грбот на неговата лојалност („еј, многу сте добри, алал") која ете, има емоционална цена („еј, многу сте добри, али сте срање").

За да остане лојален и среќен корисник на делот од Офф кој му е особено мил, покрај менаџерските услуги кои ги нуди е подготвен и на саможртва да не инсистира на публицистички хепиенд на овој негов труд за магистерска на тема „управување на туѓ сајт од дома" туку му дава џокер „пола-пола" на уредникот кој ако се најде во панична безидејност - едноставно да одлучи да не го објави ова негово весело, прекрасно писмо, нели, доколку не смисли вицкаста реплика по каква, на сопствено признание, баронот чезнее во ноќите под свеќа кога го црта новиот дизајн на Офф.нет и ги сместува бавчите некаде каде што никој нема да ги гледа, ниту тој ниту неговите пријатели кои го делат неговото мислење.

Храбро, како што баронот го презел товарот од сите соборци и одлучил тој, а не неговите пријатели, да се обрати до уредникот („If you want something done right, you gotta do it yourself"), јас би бил најсреќен доколку опстои на својата борба и доколку не може да ја поднесе сликата на распосланите бавчи на овој портал, да изврши десант и да отвори свој преку кој ќе може да ја преточи во дело сета своја харизма, талент и мудрост и конечно да го изгрее новото сонце на македонските слободи за кои се пее и во химната на нашата земја.

Отец Пимен: Не дека мои, ама мене колегиве ми се кој од кој похаризматичен. Секој на свој начин. Тихо со бајгиди искуство и мудрост зад себе, Емили со погледот од западот на нас, Боби со суровата смисла за хумор, Сандра со искреноста до болка, Јана што градското секојдневие го пакува во илјада пати споделена прикаска, Дарко со незапирливата потреба да пишува и пишува, Клео со обидот да ни укаже на граматичката неписменост...

Е арно ама...

Буржоазијата од секогаш имала истенчен вкус и сила да наметне мислење. Баронот како дел од оваа каста ги поседува истите моќи и квалитети. Овој слободарски дух на бавчанџиите очигледно е далеку од неговиот буржујски поглед на светот. Затоа нема лутење на неговите квалификации за нас. Два различни света сме си, буржуазија и клошарана.

П. С. Клошаранава каква, таква, си ја бранам и си ја сакам како што си ја сакаме сите Валерија. И за ова нема лутење, нели Бароне?

Тихо: Јас многу сакам кога ми се прават паметни. Сум се изјаснил по тоа прашање и преходно.Сега кога знам дека сум МЛАД, некреативен и платен слуга, некако сè ми е појасно.

Сандра: Бароне, добар дан, Сандра овде. Абе, да те прашам нешто? Кој те крсти Барон? Па Барон у свет на аристократију означава мужчину, а ти? Прекрсти се у Баронесу, по ќе ти личи с обзиром на начин на кој си избраја да се обратиш. Све друго не е вредно нит да се спомне. П.С. Jави се к'д ќе добиеш титулу Кајзер, а до т'к, ќути и не смарај.

Клео: Трендо, тоа е очигледно љубовно писмо до тебе.

 

26 февруари 2014 - 15:04