Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Додека институциите спијат - ентузијасти направиле алгоритам за скенирање стари весници на македонски

24 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Замислете стар, пожолтен весник од 1956 година пред кој најскапите светски софтвери за дигитализација се целосно немоќни, гледајќи во стариот македонски оловен слог само дамки и неразбирливи хиероглифи. Откако комерцијалните гиганти крахираа, решивме да создадеме сопствен 'дигитален археолог' – алатка базирана на вештачка интелигенција која не само што ги прочита избледените кирилични букви, туку и го претвори целиот распаднат весник во жив документ во кој можете да пребарувате збор по збор“, велат анонимните автори на оваа алатка чиј инает и очигледна струча упатеност покажува дека индивидуалните иницијативи можат да бидат појаки од оние институционалните.
  • Комерцијалниот софтвер соочен со стари текстови поради нерамномерноста на хартијата, оштетеноста на буквите и стариот печат е дава добри резултати. Од друга страна ВИ вади совршена транскрипција на текстот кога ќе и се даде слика. Така се родила идејата: што ако се спои „слепиот“ софтвер за препознавање карактери со „мозокот“ на Џемини или Четиџипити?
  • Текстот објавен на сајтот на Арно.мк содржи и детално техничко упатство за користење на алатката, како и покана за сите со техничко познавање да ја пробаат скриптата и да ја подобрат.
извор

Иво Бару е победник на државното првенство во Катан и оди за Португалија

28 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Вчера, 27 септември, Иво Бару ја освои титулата на „Државното првенство во Катан 2026“. Шампионатот се одржа во новоотворениот простор за друштвени игри „Рулбук“ во Скопје, а турнирот беше организиран од „Гоблин“. На масите се собраа 64 играчи, кои повеќе од десет часа се натпреваруваа за титулата најдобар играч на „Catan“ во земјава.
  • Победата има и дополнително значење бидејќи со неа Бару добива можност Македонија да ја претставува на европската сцена. Како национален шампион, тој ќе настапи на CATAN European Championship 2026, кое во ноември ќе се одржи во Португалија. Според официјалниот систем на CATAN, националните првенства се патот преку кој играчите се квалификуваат за меѓународните натпревари, а шампионите добиваат можност да се борат со најдобрите играчи од другите земји.
  • Иво има пишувано во нашата подрубрика Букбокс друштвени игри, осврт под наслов „Фотосинтеза или како да не бидеш 'дрво' за садење дрвја“.
извор

Чуму слобода?: фестивал Букстар од 28-30 септември во Скопје

23 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Од 28-30 септември на повеќе локации во Скопје ќе се одржи 12-тото издание на фестивалот Букстар. Тој оваа година го отвора прашањето ЧУМУ СЛОБОДА? односно FREE AT LеAST?, инспирирано од зборовите на Мартин Лутер Кинг Јуниор: „Никој не е слободен сè дури сите не сме слободни“. Во време кога границите – видливи и невидливи – повторно се појавуваат околу нас, книжевноста останува простор во кој БАРЕМ мислата може да се движи без ограничувања, велат организаторите од издавачката куќа „Антолог“.
  • На 28 септември од 18:30 во Лабораториум ќе се одвива разговор со неколку македонски писатели со модераторката Фросина Пармаковска на тема „Од робот до четбот: дискусија за ерата што доаѓа“. 
  • На 30 септември во Europe House во Скопје, со почеток од 16 часот ќе се одржи мал омаж во кој уредници на четири издавачки куќи и познавачи на творештвото на неодамна починатата иранска авторка Марџан Сатрапи ќе се осврнат на нејзиното творештво, а модератор ќе биде Ивица Дукоски. Истата вечер од 19 часот е предвиден разговор со Ѓузел Јахина, авторка на „Зулехја ги отвора очите: патување во еден книжевен универзум“. 
  • Помеѓу гостите на фестивалот е и најчитаниот шпански автор Елој Морено. Во 2025 година, заедно со илустраторот Давид Сиера, тој ја објави „Новото патување на Малиот принц“, продолжение на „Малиот принц“. Покрај тоа, шпанскиот автор на 8 февруари 2025 година го собори Гинисовиот светски рекорд за најмногу потпишани книги во 12 часа, со неверојатни 11.088 потпишани книги. 

Целосната програма и списокот на учесници се достапни на социјалните мрежи на Антолог.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Разно
2

Никола Јокиќ, глич во НБА Матриксот

Видео
3

Самоил и дупките

Балканштина
4

Владимир Крстевски: Цена? Права ситница!

5

Туѓото лесно се подарува

Балканштина
6

Мирисот на Мосад

Разно
7

Поетски толкувања

Балканштина
8

Да стане Самоил и да се труди наместо вас?

Разно
1

Како луѓето прекинувале контакт со семејството во 18 век?

Bookbox
2

Кога сакале да создадат куче-супермен

Bookbox
3

Што е најблагото нешто на светот?

Bookbox
4

Што се случило кога Дали го запознал Фројд?

Bookbox
5

Како цензурата помогнала да се создаде „Зона на самракот“?

Bookbox
6

Тајниот прирачник на ЦИА за трикови и измами

Bookbox
7

Батерија од хартија што може да се голтне и да напојува медицински уреди во телото

Bookbox
8

Иво Бару е победник на државното првенство во Катан и оди за Португалија

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Наш Вилипче ги потепа Шкотите со ракија и макало

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како да препознаеш примитивец?

Шазам како музички сеизмограф

Прекрасен спонзор

Димитријо, сине Митре

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy