Ако почне глобална нуклеарна војна, во првите 72 минути ќе загинат близу 5 милијарди луѓе, над две третини од сите на планетата.
Ова го тврди Ени Јакобсен, авторка на бестселерот „Нуклеарна војна: Сценарио“. Од тотално уништување ќе се спасат само Австралија и Нов Зеланд, кои и географски се на пристојно растојание од светските сили. Тие немаат сопствени нуклеарни бомби и малку е веројатно дека некој би потрошил проектил врз нив или во нивна близина.
Според Јакобесн, многумина од оние што ќе го преживеат убиствените огнени печурки нема да куртулат од последиците од радијацијата и од климатските промени предизвикани од огромното ослободување на енергија. Небото ќе го прекријат облаци низ кои сончевите зраци нема да може да се пробијат и ќе почне мини ледено доба.
Поголемиот дел од светот, главно на средните географски широчини, би бил покриен со ледени плочи... Места како Ајова или Украина би биле покриени со снег 10 години. Земјоделството ќе пропадне, што значи дека луѓето ќе останат без храна.

Згора на тоа, ќе има и радиоактивно труење, бидејќи озонската обвивка ќе биде уништена и секој сончев зрак што би се пробил низ облаците би бил убиствен. Луѓето ќе бидат принудени да живеат под земја - луѓето ќе бидат принудени да живеат под земја, забележува Јакобсен.
Таа го анализирала ова сценарио заедно со климатскиот експерт Брајан Тун. Заклучиле дека Австралија и Нов Зеланд би биле последните преостанати плодни територии за земјоделски култури.
Како релативно безбедни земји тие ги издвоиле и Исланд, Швајцарија, Тувалу, Јужна Африка и Чиле, кои не само што се далеку од потенцијалните цели на нуклеарните удари, туку имаат капацитет да го задржат земјоделското производство до одреден степен.
Светот не е под итна закана од војна што би ја уништила планетата, бидејќи нуклеарните сили не војуваат едни со други, но тоа може да се промени, предупредува Јакобсен.
******
Види и: Ако дојде до светска војна, ќе биде нуклеарна