Таг: летонија

Летонија си го збрца веројатно најбрзиот автогол во историјата на фудбалот

Купишта репрезентативни битки се водеа синоќа, а меѓу нив најмногу имаше пријателски средби. Летонија и Лихтенштајн одиграа 1:1, меч кој ќе биде запаметен по еден од најбрзите или можеби најбрз автогол во историјата. Лихтенштајн не ни учествуваше во акцијата. Летонците им ја завршија работата уште во 14-та секунда од натпреварот.

Како Летонци ја штелуваа за кладилница кец у два и 7+?

Има видео од резилот по кој едниот клуб одлучил да се повлече од лига и тоа го прават многу аматерски. Можеле барем да прашаат поискусни како оди тоа. Постојат и такви.

Голем пречек за Летонците, браќата Бертанс плачеа на химната

Во првата фаза ја елиминираа Франција, во втората Шпанија, во четвртфинале беа тесно поразени од Германија, а во мечот за петто место ја декласираа Литванија. Летонија може да биде горда од резултатите на СП 2023 и целосно заслужи ваков пречек дома. Стана петта кошаркарска селекција во свет и тоа на деби мундијалскиот настап. Браќата Даирис и Давис Бертанс ги бришеа солзите по интонирањето на химната.

Ништо страшно де, не беше намерно

Фудбалер во летонското првенство до толку се фрли во очај што легна на земја да плаче, а го тешеа и противниците. А не е дека направи голема беља, туку само си ја закова од пола терен и им донесе 3 бода на домаќините.

Шпанците уште ја бараат топката во мрежа по голот на Криштопанс

Летонија дебитираше на првиот ден од Европското ракометно првенство против силната Шпанија од која загуби 11 разлика. Но без разлика на резултатот, признанието за најкорисен играч го доби џинот од Вардар кој го заврши мечот со 7 гола и 3 асистенции. Торпедово на Криштопанс само на забавена снимка може да се следи со голо око.

Интересна случка меѓу Пандев и случаен минувач во Рига

Дечково, Италијанец, бил на патување низ Летонија. Случајно налетал на нашиот капитен и му пришол да се сликаат. Кога му спомнал за карта, Пандев без размислување му нашол и дечково го гледал триумфот на Македонија во кој токму Горан постигна гол.

Така се гостува, ги газиш набрзина и си одиш

По ремито против Словенија и Израел, македонската фудбалска репрезентација ја продолжува позитивната гостинска низа. Петте освоени бодови на гости нека бидат мотив плус и за реванш средбите против Полска и Австрија.

Девојче, не си ти за дубл, батали

Во нецела недела, Летонката Јелена Остапенко (22) направи 3 глупости при сервис. Прво во женски дубл намерно ѝ сервираше директно во тело на Ализ Корне, а во меѓувреме во мешани двојки, два пати му ја скрши главата на партнерот Роберт Линдштед од Шведска со удари над 120 км/час.

Криштопанс сам ја однесе Летонија на прво историско Европско

Во спортот во последно време сме сведоци на луди пресврти и подвизи. Така вечерва ракометната селекција на Летонија, земја во која кошарката е апсолутно спорт број 1, ја совлада Словенија со 25-24 и се пласираше на Европско за првпат во историјата. Најефикасен беше Вардаровиот горостас Даинис Криштопанс со дури 13 гола!

Победата на Македонија со Летонија, кога Георгиевски си ја закопа како никој до сега на Градски

Со вечерашниот прв противник во квалификациите за ЕП 2020, не сме се паднале до сега во ниту една квалификациска група. Историјата бележи само една меѓусебна пресметка, онаа кога на пријателски меч дебитираше како селектор Бошко Ѓуровски.

Најголемата акробација во Лига на нации ја направи Литванец

Црногорците ја декласираа Литванија на гости во Лигата Ц со 1:4, а домаќините во финишот од средбата го постигнаа почесниот погодок, ако ништо друго барем за ќеиф на душата и уживање за публиката. Ножичките толку беа добри што се изначуди и еден од колегите кој му честиташе.

Среќа Грузијциве не утнаа со летонско знаме

Во натпревар од новоформираната фудбалска Лига на нации, Грузија ја пречека Летонија во Тбилиси и за разлика од некои други не го утна знамето па да им стави австриско. Мечот заврши 1-0 со голот на Окриашвили од пенал во 77’ минута.

Лудaта тројка на Словенецот Лука Дончиќ

Кошаркарите на Словенија ќе играат во полуфиналето на Европското првенство откако вечерва со 103:97 ја совладаа Летонија. Лудачки меч одигра најталентираниот европски кошаркар Лука Дончиќ кој постигна 26 поени (9/15 од игра), 6 скока и 8 асистенции.

Која е малата и безобразна Латвијка во полуфинале на Ролан Гарос

Со големиот триумф над Каролина Вознијацки (12-та во свет), 47. тенисерка на светот Елена Остапенко стана првата Летонка која што стигнала до полуфиналето на славниот Гренд слем турнир во Париз.

Турција може директно на ЕП како најдобра трета

После најновите пресметки, репрезентацијата на Турција ќе обезбеди директен пласман во Франција како најдобра трета во случај да го победи Исланд, а Казахстан во истата група да ја победи Летонија на гости.

Рудневс, држи го јазикот за себе

Еден од најдобрите фудбалери на Бундеслигашот Хамбург, Летонецот Арјомс Рудневс завршил во болница, откако по една расправија жена му му го гризнала јазикот по што ќе пропушти неколку меча.

Победнички старт за Бошко Ѓуровски

Македонската фудбалска репрезентација со победа над Летонија од 2:1 триумфално ги започна настапите во новата 2014 година. Деби победата на новиот селектор му ја донесоа Јован Костовски со гол во првиот и Агим Ибраими со погодок од белата точка во вториот дел.