Актери на местенката се Динамо Рига од втората летонска лига, кои апла без да повнимаваат, примаат безвезни голови кои од планина се гледа дека се пуштени.
На мечот против Тукумс на полувреме одат водат 3:0 и на крај губат 3:4. Совршено за кец у два и 7+ кои носат прекрасни коефициенти.
Натпреварот е одигран на 7 октомври, а од него постои снимка од последните два гола на гостите во 81-ва и 87-ма минута.
Местенката е толку очигледна, што Етичката комисија на Летонската фудбалска федерација суспендирала петмина играчи, а Динамо Рига решил да отстапи од лига.
Обрнете внимание како го блокираше ударот играчот со број 5 при голот за 3:3. Трагикомедија. Инаку репрезентативец е на Летонија во У-19 со над 40 меча. Исто и голманот, кој остана во место.