Голем пречек за Летонците, браќата Бертанс плачеа на химната

Во првата фаза ја елиминираа Франција, во втората Шпанија, во четвртфинале беа тесно поразени од Германија, а во мечот за петто место ја декласираа Литванија. Летонија може да биде горда од резултатите на СП 2023 и целосно заслужи ваков пречек дома. Стана петта кошаркарска селекција во свет и тоа на деби мундијалскиот настап. Браќата Даирис и Давис Бертанс ги бришеа солзите по интонирањето на химната.

12 септември 2023 - 09:24