Шпанците уште ја бараат топката во мрежа по голот на Криштопанс

Летонија дебитираше на првиот ден од Европското ракометно првенство против силната Шпанија од која загуби 11 разлика. Но без разлика на резултатот, признанието за најкорисен играч го доби џинот од Вардар кој го заврши мечот со 7 гола и 3 асистенции. Торпедово на Криштопанс само на забавена снимка може да се следи со голо око.

ЕХФ го претстави како еден од највисоките играчи во светот на кој не му е потребно да скокне за да даде гол од 9 метри.

 

10 јануари 2020 - 09:09