Таг: криштопанс

Шпанците уште ја бараат топката во мрежа по голот на Криштопанс

Летонија дебитираше на првиот ден од Европското ракометно првенство против силната Шпанија од која загуби 11 разлика. Но без разлика на резултатот, признанието за најкорисен играч го доби џинот од Вардар кој го заврши мечот со 7 гола и 3 асистенции. Торпедово на Криштопанс само на забавена снимка може да се следи со голо око.

Џинот ги искина

Со 215см висина и 135 килограми тежина, Летонецот Даинис Криштопанс е силата и моќта на Вардар кој руши сè пред себе и ги забива топките со 130 километри на час. Ако некој вечерва ја направи разликата тоа дефинитивно е тој и скроз заслужено е прогласен за играч на мечот.

Проектилот на Криштопанс за делириум во Јане Сандански

Долго ќе се раскажува последниот меч на овој ѕвезден Вардар финансиран од Сергеј Самсоненко во оваа сала, а богами и последниот гол. Две секунди до крај изгледаа малку за уште еден гол и предност од +8, ама не и за летонскиот џин кој стави печат на извонредниот меч на Вардарци.

Седи мирен Зарабец, ќе те фрли Вардаровиот џин

Словенецот Миха Зарабец им правеше најмногу проблеми на ракометарите на Вардари синоќа на реванш мечот од Лигата на шампионите. Мал, непредвидлив и како шило Зарабец наоѓаше простор додека горостасиот Летонец Криштопанс не кажа: "Hold my beer“.