Според правилата на УЕФА, на селекциите кои конкурираат за најдобра трета во групите не им се пресметуваат бодовите освоени со последнопласираните репрезентации во нивните групи. Во моментов во групата А, Летонија е претпоследна со 5 бодови, а Казахстан е последен со 2 бода. Со оглед на тоа што се гледа меѓусебниот дуел пред гол разликата, доколку Казахстан ја совлада Летонија во Рига на гостински терен, ќе биде претпоследен со пет бодови, а Летонија последна со исто толку бодови.
Од таквиот епилог најмногу би профитирала Турција која со шест бодови освоени од дуелите со Казахстан ќе има вкупно 16 бодови освоени против првите пет селекции во групата и ќе осамне прва на табелата со најдобро пласирани трети репрезентации, пред Унгарија која има 15.
Од друга страна, Холандија се надева на Исланд.
На Европското првенство во Франција досега се квалификуваа следниве селекции: Албанија, Австрија, Белгија, Чешка Република, Англија, Франција, Германија, Исланд, Италија, Северна Ирска, Полска, Португалија, Романија, Русија, Шпанија, Словачка, Швајцарија, Велс.