Предлогот го даде професорот Џејмс Вопел за време на отворањето на Центарот за истражување на биодемографија на стареењето. Неговиот предлог во основа се сведува на тоа дека работната недела наместо 40 треба да трае 25 часа.
"Кога имаш 20 години, попрво би минувал повеќе време со твоите пријателите. Кога имаш 35 сакаш да минуваш време со твоите деца. Ама кога ќе стигнеш до 70 години имаш премногу време на располагање," објаснува Вопел.
Неговата поента е дека е "важно сите да работиме нешто, а не е важно во кој дел од животот го правиме тоа."
"Знаеме дека старите луѓе се подготвени да продолжат да работат ако се способни за тоа. А претпоставуваме дека младите луѓе повеќе би претпочитале да работат помалку додека се млади," порачува Вопел, според кој ако во 20-от век видовме редистрибуција на богатството, во 21-от ќе имаме редистрибуција на работното време.