Во последните неколку денови, камионче ги осветлува со портокалова боја улиците на Рејкјавик кој ја очекува надо исландска зима. Од страна и од позади на камиончето стои натпис на англиски јазик: „Холандска поддршка за исландската фудбалска репрезентација“.
Колку ниско паднала холандската гордост, земја која важи за фудбалска велесила и нација која ги изродила Јохан Кројф, Јохан Нескенс, Марко ван Бастен, Руд Гулит и Франк Рајкард штом мора да се надева во триумф на Исланд во Турција.
Од рано изутрина, кафулињата на плоштадот Рембранд во Амстердам се обоени во портокалово, а вечерва Холандија ќе ја пречека Чешка Република пред 53.000 гледачи на Амстердам Арена. Но вечерва ќе биде многу поразлична од стандардната Хајнекен прослава на редовниот пласман на големи натпреварувања со испиени тони пиво. Ако Холандија редовно се квалификуваше неколку кола пред крајот, сега е поинаку.
1.600 километри подалеку, во јужна Турција, поточно во градот Коња, турските фудбалери ќе играат против Исланд свесни дека со еден освоен бод ќе обезбедат пласман во баражот од Групата А. Последен пат Холандија доживеа неуспех во 2002. година кога не се квалификуваше за СП во Јапонија и Јужна Кореа, а Европско не пропуштиле од далечната 1984. година.
Некои веќе се откажаа од секоја надеж. Арјен Робен, кој е повреден и кој ќе го гледа исходот од натпреварите од својот дом во Баварија изјави дека Холандија ги загубила сите надежи во саботата кога Турција ја победи Чешка 0-2 во Прага.
„Мора да бидеме реални. Имав надеж во саботата, кога Турција играше против Чешка. Ние сега зависиме, што е најлоша можна ситуација што може да ја имаш. Многу е тешко. Мора да го сториме тоа што е до нас, да победиме и потоа да се молиме, да се надеваме и да запалиме свеќи“, изјави помалку во шега Арјен Робен за холандското државно радио.
Неговите сонародници ќе праќаат исти молитви, но повеќето од нив веќе се помирија со тоа дека ќе имаат здодевно лето додека останатиот дел од Европа ќе се журка на Европското во Франција. Во меѓувреме, селекторот на Холандија Дени Блинд потврди дека на тренинг се закачнале Робин Ван Перси и Мемфис Депај поради една недодадена топка.
Во меѓувреме и Хрватска ќе ја моли Италија да ја совлада Норвешка, за со победа против Малта, Коцкестите да одат директно на ЕП и да го избегнат баражот.
Турција оди на ЕП:
- Со бод од вечерашниот меч против Исланд на домашен терен.
Холандија оди на ЕП:
- Ако Турција загуби од Исланд, а тие ја победат Чешка.
Табела Група А:
1. Исланд 20 бодови
2. Чешка Република 19
3. Турција 15
4. Холандија 13
5. Летонија 5
6. Казахстан 2