Единствената средба против Летонците ја одигравме на 5 март 2014-та година на арена Филип Втори. Тогаш на 30 позиции погоре на ранг листата на ФИФА (Македонија 81-ва, Летонија 111-та), а сега двојно подобри, 71-ва наспротив 131-ва.
На селекторската клупа дебитираше Бошко Ѓуровски кој дојде по заминување на Чеде Јаневски. Ако ги споредиме составите на селекцијата на Македонија сега и тогаш, ќе забележиме драстични промени
Бошко тогаш ги имаше повикано:
Голмани: Томе Пачовски, Кристијан Наумовски
Одбрана: Даниел Георгиевски, Александар Тодоровски, Бобан Грнчаров, Ванче Шиков, Даниел Мојсов, Горан Попов, Кире Ристевски
Среден ред: Мухамед Демири, Остоја Стјепановиќ, Стефан Спировски, Ферхан Хасани, Иван Тричковски, Агим Ибраими, Марио Ѓуровски, Муарем Муарем
Напад: Мирко Ивановски Јован Костовски, Дејан Блажевски, Бесарт Ибраими, Крсте Велкоски
Во составот на Игор Ангеловски има само четворица играчи од тој тим. Ферхан Хасани, Крсте Велковски, Иван Тричковски и Стефан Спировски, со тоа што последниве двајца вечерва отпаѓаат поради повреда.
Ѓуровски имаше победничко деби од 2:1 со головите на Јован Костовски и Агим Ибраими од пенал, а Летонците немаа можност да постигнат погодок. Израмнувањето го направи бекот Даниел Георгиевски кој постигна трагикомичен автогол.