Дневното мени на Хантер С. Томпсон

Таткото на гонзо новинарството чиј пичвајз од живот е овековечен во филмот Fear and Loathing in Las Vegas поживеа 67 години. На крај изгледа морал да се самоубие бидејќи судејќи по неговата дневна рутина, природно бил неуништив.

Биографската книга "HUNTER: The Strange and Savage Life of Hunter S. Thompson", авторката Џин Керол ја започнува со детален пијачко-опијатски-прехранбен распоред до кој вообичаено се држел писателот. Тоа изгледало вака:

Почеток на денот, три часот попладне - станување
3:05 Чиваз Регал со весници и Данхил
3:45 кокаин
3:50 нова тура Чиваз и Данхил
4:05 првиот филџан кафе, Данхил
4:15 кокаин
4:16 сок од портокал, Данхил
4:30 кокаин
4:54 кокаин
5:05 кокаин
5:11 кафе, Данхил
5:30 Чиваз со мраз
5:45 кокаин и така натаму.
6:00 марихуана за да се ублажи денот
7:05 Ручек во Таверна - Хајнекен, две маргарити, салата од зелка, тако салата, дупла порција пржени тркалца кромид, торта од морков, сладолед, ќофтенца од грав, Данхил, уште едно Хајнекен, кокаин, и пред одење дома - леден корнет (куп здробен мраз потурен со многу Чиваз).
9:00 почнува сериозното шмркање кокаин
10:00 ЛСД
11:00 траварица, кокаин, марихуана
11:30 кокаин и така натаму
12:00 полноќ, Хантер Томпсон е подготвен да пишува
12:05 до 6 сабајле: Траварица, кокаин, трева, Чиваз, кафе, Данхил, сок од портокал, џин, непрекинато пуштени порно филмови
6:00 топла када, чоколатца Дов, паста со пармезан
8:00 апчиња за спиење
8:20 спиење

 

3 декември 2013 - 09:25