На Евро 2020 Англија стигна до полуфинале кое ќе го игра на домашниот „Вембли“, како и многу претходни натпревари. До решавачката фаза Англичаните само еднаш го напуштија Лондон и тоа до Рим каде ја декласираа Украина во четвртфинале.
Во неделата вечер Манчестер Јунајтед губеше со 2-0 но на крајот благодарение на неверојатниот Единсон Кавани успеа да направи целосен пресврт и да слави со 2-3. Ама Уругваецот сега е на удар на англиската јавност и го чека казна.
Нека не ве чуди насловот. Во Велика Британија обложувањето е од век и векова и таму може да се кладите на буквално што ќе посакате. Така комшии, роднини и другари на Стариџ добиле „дојава“ од него за кој тим ќе потпише, ама на крај останале со празни раце. Сега плус и ФА го одра.
Ова би прошло можеби во некоја друга земја, особено во нашиве краишта, ама во Англија регулативите на ФА се толку строги, што дресовите уште не доставени, ќе мора да ги враќаат назад. Назад!
Неколку англиски клубови се спремни да предложат бришење на забраната за продажба на пиво и други алкохолни пијалаци на стадионите. Оваа забрана во Англија важи добри 33 години.
Пред една година никој не знаел ништо за голманот Џордан Пикфорд кој се ашкал по позајмици во нисколигашите, потоа бранеше во испаднатиот Сандерленд а денес важи за најдобар англиски голман.
Дури осум од десет гола Англичаните на ова Светско постигнаа после прекин. По Стоунс против Панама, сега и вториот висок стопер Хари Мегвајер се запиша во листата на стрелците. Англија ќе го чека во полуфинале подобриот од мечот Русија - Хрватска (20 часот).
Поминаа 11 години од една од најголемите победи на Хрватска во историјата на нивниот фудбал. Ја шокираа Англија на Џерард, Лампард, Фердинанд и Крауч среде „Вембли“ и ги оставија без пласман на Европско.
После години и години разочарувања од многу генерации меѓу кои и онаа златната на Џерард, Тери, Лампард, сега англиските навивачи конечно гледаат свежина и младост спремна да им го донесе трофејот кој го чекаат
Еден од најелегантно дотераните селектори на Светското првенство во Русија е англискиот тренер Гарет Саутгејт кој добил илјадници пофалби и една смешна критика дека изгледа како келнер во пицерија.
Детето на Ливерпул и најголемата прогноза на Стивен Џерард полека но сигурно фрла малтер на својата позиција во репрезентацијата која ќе ја забетонира во следните години. Трент Алекасндер-Арнолд по Ливерпул сега се докажува и за Англија и добро му оди.
Да има Светско на Марс најбројни навивачи би биле Англичаните. Но медиумската машинерија направи страшна анти-кампања против Русија, па луѓето решиле да останат дома каде им е побезбедно.
За време на преносот од дуелот Англија - Тунис гледачите можеа да видат како фудбалерите постојано претаат со рацете за да избркаат комарци и мушички на стадионот во Волгоград.
Минатиот петок пишувавме за дедото на еден англиски фудбалер кои пред четири години кога внук му славел 18. роденден, ставил многу пари дека малиот Луис ќе заигра за „Гордиот Албион“. И ене го сега, чека исплата.
Дедо е дедо. И да те носи на фудбал и да те зема од школо и да те чува, но и до крај да верува во тебе. Таков е случајот со најголемото изненадување во англиската репрезентација, Луис Кук.
Клиниките за пресадување коса со задоволство објавуваа дека еден Вејн Руни имал успешна трансплантација на коса и дека дошол моментот кога мажите веќе не мора да се срамат ако се решат на таков чин. И принцот Вилијам сакал да пресадува коса.
Белорусинот Александар Хлеб ни донесе прилично лесна група, што со новиот систем на УЕФА која ги подели селекциите според рангирањето, беше за очекување. Едноставно МОРА да одиме на фајнал фор.
Неговите Швеѓани само што обезбедија пласман на СП и одма се поставува прашањето дали нивниот најдобар играч во историјата, кој реши да ја заврши репрезентативната кариера, ќе се врати за Мундијалот. Во меѓувреме ние и натаму ќе уживаме во спектакуларните „ножички“ од пред 5 години на пријателска против Англија.
Од пред некое време ја носи капитенската лента на англиската репрезентација и на Светското ќе предводи млад и амбициозен состав. Каков бил фудбалскиот пат на Хари Кејн?
16-годишниот навивач на Англија Џејк Печеј влета на теренот на мечот Малта - Англија во 69’ минута. Кога дошол на суд, судијата го прашал за кого навивал па имало интересна реакција откако му одговорил.
Пред самиот почеток на пријателската меѓу Франција и Англија, членови на оркестарот на републиканската гарда на Франција ја отсвиреа Don’t Look Back in Anger од Oasis во чест на загинатите од терористичкиот напад во Манчестер.
Малиот Бред има тумор, невробластом којшто е карактеристичен за децата и бебињата и поради тоа лекарите му предвидуваат уште неколку месеци живот. Синоќа со неговиот омилен фудбалер под рака излезе на славниот Вембли во Лондон.
Идејата на новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино за Светско првенство со 48 репрезентации поделени во 16 групи по три селекции веројатно ќе биде разгледувана на Конресот на ФИФА утре во Цирих.