Неколку минути пред вечерашниот дуел Сандерленд - Челси од Премиер лигата вечерва, топката ќе влезе во мрежата на Асмир Беговиќ. Голот за „Црните мачки“ ќе го даде Бредли Лоуери и целиот стадион заедно со навивачите на Челси ќе го прослават погодокот заедно.
Приказната за малиот Бредли го обедини англискиот фудбал. Малиот Бред има тумор, невробластом којшто е карактеристичен за децата и бебињата. Му го дијагностицирале кога имал една и пол година. Од тогаш поминал повеќе време во болници отколку надвор. Две години траеле третманите, хемотерапиите и операциите. Нивните родители цврсто верувале дека тој е оздравен, а радоста им траела неколку месеци: Во јули ракот се вратил и повторно го нападнал малиот Бред кој според докторите ја губи битката.
Пред неколку дена мајката на Бредли, Џема ја соопштила жална вест дека докторите му дале малку месеци живот. Слаба утеха била хуманитарната средба која што на семејството му обезбедила 700.000 фунти за напредна операција во Њујорк. Голем дел од донациите дошле од цел свет.
Бредли најмногу од се ја сака топката: роден е во Хартелпул, мало место на северо-источниот брег на Велика Британија, 40 километри јужно од Сандерленд каде што играат „Црните мачки“, неговата омилена екипа.
Во септември годинава го поканија да дојде на мечот против Евертон којшто донираше 200.000 фунти за неговото лекување. Бред и покрај тешката болест секога доаѓал насмеан на стадионот поради што стана малиот херој во Англија.
На социјалните мрежи многу фудбалери како Џон Тери и Арон Ремзи ги споделуваат нивните молитви за Бредли. Сандерленд му подари уште едно изненадување: одново да излезе на теренот вечерва и да го даде неговиот прв гол на „Стадионот на светлината“.
Бред имал уште една желба: да добие многу честитки за Божиќ, поради што поштенското сандаче во неговиот дом не можело да ги прими сите пораки, подароци и пари. Вечерва Бред ќе го живее својот сон на стадионот.