На 24 јуни Англија играше со Панама во Нижни Новгород. Температурата стигнала и до 31+ степен Целизус што е невообичаено за руските градови. Присутните новинари пишуваа дека било уште потопло, а судиите дури шест пати го прекинуваа мечот за играчите да се освежат и да се напијат вода.
Умираа сите освен Гарет Саутгејт кој смирено ја водеше репрезентацијата во елегентаен три-делен костим. Истата варијанта ја носеше и на следниот меч на Англија во Калининград каде имало 27 Степени.
Саутгејт носи костим од марката Marks & Spencer, направен од мерино волна (од разни видови овци) сплетен на фармата Alfred Braun во Јоркшир. Оваа фарма ги снабдувала со гардероба англиската фудбалска репрезентација на Светското 2014 и олимписката репрезентација на Олимписките Игри 2012.
„Alfred Braun веќе 100 години произведува ткаенина од мерино материјали. Ткаенина од Алфред Браун користат водечките британски и меѓународни брендови за машка облека“, пишува на сајтот на компанијата.
Елегантниот костим на селекторот на Англија се состои од небесно сина кошула M&S (60 фунти), црвена или шаренкаста кравата (25 фунти) и сребрена бразлетна од Monica Vinader Linear (115 евра). Но главен елемент без конкуренција е - елекот. Во Англија елечето на Саутгејт веќе доби култен статус.
Елекот е многу актуелен во цела Британија а популарниот англиски новинар од БиБиСи Колин Патерсон се појавил во студија во ист елек како тој на Саутгејт. Британските медиуми пуштаат текстови за стилот на Саутгејт колку и за неговата тактика.
Во последната недела дена за елекот на Гарет пишуваа:
The Guardian: „Продажбата на елеци расте како никогаш: Како Гарет Саутгејт го промовира трендот на Светското првенство“?
The Telegraph: „Дали е Гарет Саутгејт најдотераниот селектор на Светското?
Mirror: „Гарет Саутгејт стана најдотераниот англиски селектор“.
Во текот на Светското првенство продажбата на елеци пораснала на 35% и од фирмата Mark & Spencer ова го нарекле Саугејт-ефект.
Компанијата ја облекува репрезентацијата на Англија од 2007 година но претходно таква побарувачка на оделата и кошулите немало никогаш. До Мундијалот во Русија елеците од оваа фирма можеле да се купат за 64 фунти а во текот на Светското поради огромен интерес цената ја намалиле на 19,5 фунти.
Саутгејт во моментов е популарен колку и Хари Кејн кој ги даде најважните голови за Англија на Светското. Никој не знае зошто одбрал да носи елек, но англиските новинари веќе развиле хипотеза.
Дедо му на Саутгејт, Артур Тол бил морелопловец и служев војска во кралската армија. Во биографијата Woody and Nord, Саутгејт пишува за спомените со дедо му и раскажува дека тој секогаш одел со елек којшто бил специјално скроен за неговата фигура.
Интересно, троделни костими добиле сите англиски репрезентативци но селекторот Гарет е единствен кој постојано го носи елекот.
Но во Англија има и такви кои не се воодуешевени од костимот на Саутгејт. На 27 јуни британскиот портал Esquire објави статија во која го критикува селекторот на Англија.
„Такви елеци обично носат деца од американски бендови, 17-годишни момчиња кои сакаат да почнат да се носат озбилно. Тој (Саутгејт) асоцира на играчи од снукер или на келнери во евтини пицерии, а не на 47-годишен селектор на топ репрезентација“, пишува авторот на текстот помалку неосновано.
Оваа критика е редок исклучок зошто елекот му стои растегнат како што треба по кодексот.
Саугејт во минатото носел старомодни одела, но сè се сменило во ноември 2017 година кога се појави со елече на пријателскиот меч против Германија, а во април го гледаше дербито на Ливерпул облечен вака.
Самиот Гарет вели: „Секако дека не сум модна икона како Дејвид Бекам. А како е можно играч од среден ред кои чест играше во одбрана да биде синоним за моден стил“?