Младиот Џејк Печеј неколку дена пред мечот на Твитер напшал: „400 ретвита и ќе влезам на терен за време на мечот Малта - Англија“.
Не добил 400, туку 4.000 ретвита па цврсто решил да им избега на редарите и да истрча на теренот.
Во 69’ минута влезе и трчаше како луд а откако редарите го совладале, на крајот завршил на суд. Судијата Елиот Магро за време на испрашувањето го прашал за кого навива а малиот рекол: „За Арсенал“ на што судијата се насмеал и рекол:
„Секогаш доаѓате близу трофеј но никогаш ништо да освоите“.
На крајот малиот добил доживотна забрана за патување на гостински терен каде ќе игра англиската репрезентација, парична казна од 200 евра и едногодишна забрана за посета на фудбалски меч на Малта.
Англичаните ја совладаа Малта со 0-4 а головите ги постигнаа Хари Кејн (2), Рајан Бертран и Дени Велбек. Англија е прва во својата група со 17 бода а вечерва го игра клучниот меч против директниот ривал за првото место и директен пласман на Светското, Словачка која има 15 бода.