Таг: малта

Македонија - Малта 4:0, коментатор Таско

Македонската фудбалска репрезентација до сега само еднаш се има паднато во група со Малта во квалификации. Плус има одиграно и четири пријателски. Билансот е пет победи и едно реми.

Сега ли најде струја да снема на сред пенал?

Во фудбалската лига на Малта, на мечот меѓу Марса и Сент Ендрјус после 1 час игра, домаќинот добива пенал при резултат 2-0. И тргнува изведувачот да зголеми на 3-0, ама се случува нешто интересно.

Радоста кога ќе победиш на гости после 7 години и тоа во 96-та

Имаат 500 и кусур илјади жители, 186-то место се на ФИФА и годинава го имаа победено само Гибралтар. Толку многу чекаа и посакуваа гостинска победа, што стрелецот ќе го задушеа кога му направија туш.

Дечки, го имаме голот на сезоната во Европа

Тотално анонимен клуб Гизра од Малта, направи сензација во квалификациите за Лига Европа, откако после поразот дома 0-2, синоќа го декласираа Хајдук во Сплит со 1-3 и поминаа понатаму. Сплиќаните дури имаа и водство од 1-0 уште од 7-ма минута, ама на крај изгубија и спасуваа глави од бесната Торцида. А два од трите гола за гостите даде Хамед Коне од кои едниот ќе конкурира за најубав на сезоната:

Усеин Болт го бараат Катарци на Малта, да се бори за влез во Лига на шампиони

Откако конечно заигра професионален фудбал, најбрзиот спринтер на светот почна да дава и голови, па го привлече вниманието на некои малку од малку посериозни клубови.

Филмското убиство на новинарката од Панама документите

Повеќе од една година по објавувањето на Панама документите, малтешката новинарка и една од учесничките во истрагата Дафне Каруана Галиција, загина од експлозив подметнат во нејзиниот автомобил. Неодамна за убиството беа уапсени десет лица.

Детето што влета во терен и обвинителот од Малта

16-годишниот навивач на Англија Џејк Печеј влета на теренот на мечот Малта - Англија во 69’ минута. Кога дошол на суд, судијата го прашал за кого навивал па имало интересна реакција откако му одговорил.

Што ве вртам, можам сам од гол на гол

Анонимен фудбалер од Доминиканска република по име Енми Мануел Пена Белтре кој има 24 години и игра во Малта, тргна од своја половина и не застана. Противниците го бркаа како дунстери и никој да не го сфати серизно во неговата соло акција. Имаше и еден потег за кој велат дека му бил како на Зидан, иако нас ни изгледа како несакајќи да му излезе.

Бомбата на Захариевски против Малта

Во период кога губиме од Либан и сме мизерија на 139-та место во светот, останува само да се навраќаме на нешто поубавите времиња за нашиот фудбал. На денешен ден пред 17 години: Квалификации за ЕП 2000, Малта - Македонија 1:2. Селектор Ѓоко Хаџиевски, стрелци Игор Саша Николовски и Срѓан Захариевски.

Златна палма за Антонио Кандрева

Ај што едвај ја победија Малта 1:0 со гол со рака на Грацијано Пеле, се обидоа да изнудат и непостоечки пенал. Поточно, фудбалерот на Лацио Антонио Кандрева ги покажа своите глумечки способности.

Малта има свој Меси

Алфред Ефионг, репрезентативец на Малта кој игра во домашната лига ја прими на своја половина, истрча како Болт и потоа ја опали во агол каде голманот не ја брани. 

Бугарите продале 25 карти за дуелот со Малта

Во 2009-та година, квалификацискиот дуел Бугарија - Ерменија во Софија го гледале 300 души и тоа е најлошиот рекорд на посетеност кај Бугарите. Во недела веројатно и овој ќе го срушат.

Да не ти се погоди Американец во тесна уличка

Она што прво ќе го забележите од муабетот е дека нервозниот што излегува од кола е Американец, она што нема на прва да ви е јасно е дека ова се случува во Малта, а тој е вработен во американската амбасада во земјата.