Да не ти се погоди Американец во тесна уличка

Она што прво ќе го забележите од муабетот е дека нервозниот што излегува од кола е Американец, она што нема на прва да ви е јасно е дека ова се случува во Малта, а тој е вработен во американската амбасада во земјата.

Инцидентот се случува минатата сабота, кога Американецот (во Хонда Одисеј) во една од тесните улички низ Малта заглавува наспроти еден локалец (во Тојота Корола Версо).

Гневен дека Малтежанецот не планира да се врати во рикверц за тој да може да помине, вработениот во амбасадата излегува од кола и почнува со тирада на навреди. По пат и неколку пати го предизвикува човекот да излезе од Тојотата и да се пробаат на улица.

Од американската амбасада соопштиле дека жалат за инцидентот и за однесувањето на нивниот вработен, кој по случката е отпуштен и вратен назад во САД.

Инаку Американецот не само што доби отказ за своето однесување, туку на крај по толку чаталење мораше да попушти и тој да се врати во рикверц за да помине Тојотата.

31 август 2013 - 17:30