Во серијата на еден куп репрезентативни натпревари каде Шева со Украина ја изненади Шпанија, а Швајцарија и покажа заби на Германија, Малта славеше на гости против Летонија со 0:1. Не е дека тука се работи за некоја сензација, туку во прашање е слаткиот вкус на гостинска победа после пауза од 7 години и тоа во последната шанса на мечот.
Судијата досуди 5 минути продолженија, а гостите изведоа слободен удар во шестата минута во која Борг скокна херојски во шеснаесетник и потоа цела репрезентација му скокна него на трева.
Нивната радост е како да освоиле Светско првенство, но тука се работи за прв гостински триумф на официјален меч, а воедно и прв годинава, бидејќи Малта во 2020-та го победил само Гибралтар дома на пријателска.
Инаку за нив ова е прва победа во Лига на нации. Минатата сезона имаа 3 порази и 3 нерешени во група со Косово, Азербејџан и Фарски Острои и завршија последни во група, а сега се втори на табела со 5 бода пред Латвија и Андора и после лидерот Фарски Острови кој води со 10 бода.
Инаку се работи за селекција која има само тројца интернационалци во репрезентација. Селектор им е извесен Девис Манџа, а асистент му е Уругваецот Џакомаци кој долги години го гледавме во нападот на Лече во Серија А.
Погледне ја оваа радост, цела репрезентација му се фрли на стрелецот со се стручен штаб.
Memorable evening in #Riga for @MaltaFA1900 as they defeat Latvia 1-0.
— Gianluca Lia (@gianlia96) October 13, 2020
True meaning of small island, big attributes 😉 pic.twitter.com/qWLmbM4ahP