Се работи за квалификациите за ЕП 2000 кога само Југославија како првопласирана обезбеди пласман на шампионатот во Белгија и Холандија.
Ние завршивме четврти пред Малта и после Ирска и Хрватска. И тогаш отворивме како сега, со меч против Малта во Скопје.
Се одигра на 6 септември 1998, а селектор беше Ѓоко Хаџиевски. Македонија како фаворит беше убедлива со триумф од 4:0. По два пати стрелаа Ристо Божинов и Артим Шаќири.
На тој меч за Македонија настапија: Милошевски, Стојковски, Николовски, Седлоски, Ставревски, Стојановски, Лазаревски, Захариевски, Т.Мицевски, Треневски, Божинов (замени: Гошев, Шаќири, Шаиновски).
Реваншот на гости го добивме со 1:2, а на четирите пријателски против Малта имаме три победи и еден нерешен резултат.