Во квалификациите за ЕП 2016, Бугарите се во групата Х и во моментов имаат само 3 бода од 3 натпревари. Губеа против Норвешка на гости и Италија дома, а го победија Азербејџан во Баку. По таквиот учинок, за средбата против Малта во недела, на благајните на стадионот Васил Левски во Софија досега се продале само 25 карти.
Во ситуација кога првите две селекции од групата одат директно на ЕП, а третата игра бараж за пласман, Бугарите се сè подалеку од Франција. Најниската посетеност на еден натпревар на Бугарија во историјата се случи пред 5 години, кога само 300 луѓе го следеа дуелот Бугарија - Ерменија 6:2.
Нашите соседи против Малта играат во недела од 20:45, а бугарските медиуми пренесуваат дека станува збор за бојкот на репрезентацијата која игра многу слабо под водство на селекторот Љубисав Пенев.
Цените за дуелот Бугарија - Малта се движат од 10, 20 и 40 лева, во зависност од трибините, а вип билетите изнесуваат 200 лева.
Многу поголем интерес има за дуелот Лудогорец - Ливерпул од ЛШ кој иако се игра на 26 ноември, веќе привлекол 1000 гледачи кои си обезбедиле карти по цена од 45, 55 и 70 лева.
Не сме и ние многу за фалење. Северната трибина на Филип Втори пред почетокот на квалификацискиот дуел против Луксембург.