Таг: Бугарија

Бугарија со полна пареа работи за војната во Украина

Фабрики за оружје од Бугарија кои заради ним познати причини и 30 години по распадот на СССР се уште имаат советска машинерија повторно ги враќаат во погон своите стари фабрички ленти од кои излегува нова советска муниција за старото советското оружје што го поседува Украина.

Студениот туш на Бугарија на Градски кога дојде како четврта во свет

Сурфајќи периодов на оваа тема, ни излезе видео кое не можевме да не го споделиме. Треба да знаат помладите дека Бугарите предводени од легендарниот Христо Стоичков, на Мундијалот во САД 1994 стигнаа до сензационално полуфинале и како такви ги совладавме во Скопје.

Решавачката битка на Југославија против Бугарија и прославениот коментар „Људи мои, је ли то могуќе?“

Спомнете му го мечов на фудбалски југоносталгичар и ти сецка салата со ракија, одма на лице место. Плус кога ќе се сети кој коментираше, нема станување.

Бурно славје на Бугарите во соблекувална

Бугарската фудбалска репрезентација нè спушти на земја и ја казни мизерната ефикасност на Македонија, која со исклучок на дуелите со аматерите од Гибралтар постигна само 1 гол на четирите средби против Грузија и Бугарија во Лига на нации. Џабе сите скандирања „Бугари татари“ и „Бугари цигани“. Мечот требаше да се добие.

Срамен пораз на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација ја заврши сезоната во Лига на нации со неочекуван пораз од Бугарија од 0:1, селекција која ја доминиравме на првиот дуел во Разград и која ги нема реномето и квалитетот што ги имаше. Бледа игра на момците на Милевски од кои се очекуваше многу повеќе.

Бугарска верзија на играта „Карти против човештвото“ оценета како навреда на „древните вредности“

Ако не сте ја играле, американската друштвена игра Cards Against Humanity подразбира влечење карти на кои се испишани одредени реченици, кои треба да се дополнат. Тие често се политички некоректни, „мрсни“ и навредливи - тоа е смислата на играта. Изгледа не и кога станува збор за бугарска верзија.

ЕУ за во иднина ги складираше проблемите во ширење на Балканот

Европскиот притисок врз Македонија да ги прифати бугарските барања ќе постави лош преседан за регионот, пишува Тони Барбер во текстот за Фајненшл тајмс, според кого овој почеток на преговори што и даден на Македонија не е истиот почеток што ЕУ до сега го давала.

Не сите вицови за бугарски џандари се неточни

Пред неколку дена комплетен Петрич (старо, младо, македонско, бугарско) било надувано откако локалната полиција се фатила со палење на тони конфискуван канабис. Во станица во двор.

Бугарска трампа

Затоа што нели солидарни, Бугарија прими илјадници бегалци од Украина кои ги смести по хотелите на Црното море. Затоа што нели летна сезона и туристички евра / долари / фунти, Бугарија интервентно ги размести истите бегалци и ги префрли во чичка нови контејнери, обезбедени со огради, бодликави жици, стражари, заеднички купатила и слични високи стандарди на гостопримство.

Бу-га-ри

За разлика од сите странци во Бугарија на кои вообичаено на времето им ги крадеа колите, на украинските бегалци кои успеале да спасат жива глава и да стигнат во Бугарија со кола Бугарите почнаа да им ги крадат регистрациите.

Надзорна камера случајно сними еврогол во бугарско село

Ретко виден гол паднал на мечот во бугарската „А“ Областна Група - Стара Загора меѓу еипите на Тунџа и Мини Марица Исток. Димитар Димитров со страшен шут од 25-26 метри ги поставил конечните 3-1 за Тунџа. Голот го снимила надзорна камера за безбедност на стадионот „ПРО“ во Павел бања.

А ако Турците, Грците, Русите и Романците сакаат да ги смениме нашите учебници?

Турците сакаат да ја признаеме туркиската историја на Бугарија, Иранците не се откажуваат од нашето персиско потекло, Грците удираат од зад грб, а Русите допловија до пристаништетот во Варна. И тоа не е сè.

Легендарниот Лечков: „Тешко ми е, гледајте каде сме ние, а каде е Македонија“

Покрај Ромарио, Баџо, Батистута, Каниџа, Тафарел, асоцијацја на Светско првенство 1994 во САД е и сјајната бугарска селекција предводена од Стоичков и Јордан Лечков. Вториов сега ја спореди состојбата со бугарската и македонската репрезентација.

Всичко е лудо

Квалификациите за Европско 2021 се голем циркус. Веќе одамна е познато дека поради сериозниот конфликт меѓу ФИБА и Евролига, најдобрите кошаркари на многу репрезентации не можат да играат за своите селекции во термините предвидени за квалификации, па обично играат некои третокласни играчи.

Бугарски работи

Бугарин обвинет дека шпионира за Русија доби дозвола од бугарскиот суд да ја напушти Бугарија и да отпатува за Москва каде беше одликуван со орден од рускиот претседател Владимир Путин, та-даааам.

Поради расистички и фашистички испади, 2 пати прекинат мечот Бугарија - Англија

Англиската фудбалска репрезентација со 6 гола во мрежата на Бугарија го трасираше патот кон Европско првенство 2020, но натпреварот ќе остане во сенка на она што англиските медиуми го најавуваа цел месец наназад.

Бугарскo реновирање тврдини и парите на европските даночни обврзници

Бугарската влада на реновирање тврдини троши 90 милиони евра од Европските фондови за регионален развој. Продолжетокот на веста не е туристички пи-ар текст за тура низ бугарските тврдини.

Родителите на оние кои заминале не треба да имаат пензии и здравство

Бугарскиот вице-премиер смета дека не е фер младите масовно да одат на Запад по работа а да ги оставаат своите родители на грбот на Бугарија и на оние кои останале да живеат и работат во неа.

Кога името не е важно

Драги Македонци, да си во Европа, во голем дел е исто како да си вон Европа. Сè зависи од тоа што сакате и што сте подготвени да истрпите. Колку ќе им барате и како ќе ги избирате оние кои треба да ве водат. Прашање на стандарди, како и сè во животот.

Бербатов глуми мафијаш во нов бугарски филм

Најдобриот голгетер во историјата на репрезентацијата на Бугарија и легендарен шпиц на Манчестер Јунајтед се појави во игран филм.

Хулигани на Левски фрлиле бомба врз полицајка

Во Бугарија по завршување на регуларниот дел од сезоната се игра плејоф па така на навивачите им се пружа прилика да гледаат неколку меѓусебни дуели на вечните ривали Левски и ЦСКА а на полицијата ѝ се отвора многу работа.

Една од најзначајните мислителки на 20 век била бугарски шпион?

Името на Јулија Кристева им е познато на книжевните теоретичари, критичари, психоаналитичари и феминисти. Бугарско-француски филозоф, таа уште од 1960-тите живее и работи во Франција. Неодамна излезе вест дека била соработник на бугарските тајни служби.