На последните 21 натпревар, Бугарија има 13 порази, 2 победи од кои една против Гибралтар и 7 нерешени средби. Нивната фудбалска репрезентација го допира дното и по сè изгледа ќе испадне од Б во Ц дивизија во Лига на нации.
Јордан Лечков кој беше дел од сјајната генерација на Бугарија која правеше дар-мар и стигна до полуфинале на Светско првенство 1994 во Америка, неколку години е потпретседател во Бугарскиот фудбалски сојуз.
„Реков уште пред 10 години, да си го видиме првенството, да ги видиме натпреварите во среда и сабота, кои Бугари играат таму. Видете ја Македонија, каде играат тие, а каде играат нашите момчиња. Отсекогаш сум рекол дека нашите треба да го покажат најдоброто од себе. Бескрајно ми е мачно. Треба да имаме силно домашно првенство. Младите се помалку имаат желба за спорт, тоа е состојбата, сите сме виновни, дали јас, дали вие, тоа е тоа“, рекол после поразот на Бугарите од Финска, легендарниот плејмејкер Јордан Лечков.