веб класици

Филозофија на пеколот

Одговор на тест по хемија на Универзитетот во Белград, на прашањето: "Дали пеколот е егзотермичен (шири топлина) или ендотермичен (апсорбира топлина)?"

Најголем дел од одговорите се базирале на Бојловиот закон (гасовите се ладат кога се шират и се загреваат кога се собираат) или нешто приближно...

Меѓу сите тестови се истакнал следниот одговор:

Прво мораме да ја знаеме кубикажата со која душите влегуваат и излегуваат од пеколот. Сметам дека веднаш можеме да претпоставиме дека душата која еднаш ќе влезе во пеколот повеќе не излегува. Значи, бројот на души се зголемува. За да добиеме идеја за тоа колку души има во пеколот, треба да им обратиме внимание на разните религии кои денес постојат во светот. Најголем дел од овие вери тврдат дека оној кој не е припадник токму на таа вера, оди директно во пеколот. Значи, заклучокот е дека сите души ќе завршат во пеколот. Ако на тоа се додаде и односот на наталитетот и морталитетот, можеме да очекуваме дека бројот на души експоненционално расте. Значи, треба да обрнеме внимание на односот на промените на капацитетот на пеколот, бидејќи според Бојловиот закон за задржување на истиот притисок и топлината, капацитетот мора да расте пропорционално со бројот на пристигнати души. Ова ни дава 2 можности:

1. Ако капацитетот на пеколот се зголемува помалку од потребниот просечен број на души кои пристигнуваат во пеколот, топлината и притисокот на пеколот ќе пораснат до тој степен, што пеколот ќе експлодира.

2. Ако пеколот се шири побрзо од просекот кој му е потребен да ги прими сите души, топлината и притисокот ќе паднат до тој степен што пеколот ќе замрзне.

Која можност е поверојатна?

Ако ја земеме во предвид категоричната изјава на Милица од четврта година, а која гласи:

"Попрво пеколот ќе се замрзне отколку јас да спијам со тебе" и ако се земе во предвид дека вчера спиеше со мене, мора да биде исправна теоријата број 2, односно дека пеколот е сигурно егзотермичен и дека се замрзнал.

Заклучокот на оваа презентација е дека ако пеколот е замрзнат, тој повеќе не прима души и останува само небото, што е доказ за постоење на Господ, а тоа објаснува и зошто Милица синоќа викаше:

- Ох, Боже мој!"

-------------------------------

Оценка: 10

12 март 2015 - 08:50